|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Меѓу стравот и храброста, таму растете вие

Ваша Рингераја, 24.10.2025
Сите имаме еден тивок сопатник кој сите го носиме со себе низ животот, а тоа е стравот од неуспех.

image
Фото:Canva/Сите се плашиме од нови почетоци. Но токму таму, меѓу стравот и храброста се случува вистинскиот раст. Таму ја запознаваме својата сила.
/11


Тој не секогаш зборува гласно, но неговото присуство го чувствуваме во моментите кога ќе се двоумиме, кога ќе одложиме нешто важно, кога ќе си речеме „не сум подготвен/а“.

 

Неуспехот не е спротивност на успехот, тој е негов дел. Секој што некогаш постигнал нешто големо, најпрво се соочил со сомнеж, со падови, со моменти кога сè изгледало бесмислено, со еден или повеќе неуспешни обиди. Тоа не ги направило послаби, туку похрабри и поодлучни.

 

Стравот од неуспех најчесто доаѓа од желбата да бидеме совршени, да не разочараме никого особено да не се разочараме во себе. Но, животот не бара совршенство во нашето постапување, бара обид, бара искрен чекор кон целта, дури и кога не знаеме дали патот е вистинскиот.

 

Наместо да го избегнуваме неуспехот, можеме да се соочиме со него и да се запрашаме што можеме да научиме од него.
Во тој момент стравот губи моќ затоа што станува учител, а не непријател.

 

Денес бидете благодарни за сите обиди што не испаднале совршени. Тие ве направиле поистрајни, помудри и похрабри.

 

Афирмација за денес:
„Секој обид ме носи поблиску до мојата сила. Јас не се плашам да паднам, затоа што знам дека ќе станам уште посилен/на.“

 

Запомнете успехот не е пат без грешки. Успехот е исполн со искрени обиди се додека не дојдеме до него. Продолжете да верувате во себе, дури и кога патот не изгледа совршен.
Секој чекор што го правите е победа и ве носи поблиску до целта, а на крајот и до остварување на истата.

Ваша Рингераја.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Предменструален синдром (ПМС)
Предменструалниот синдром, познат како ПМС е состојба што погодува голем дел од жените во репродуктивна возраст.
3
Мажите што носат трауми, жени што ги носат...
Живееме во општество во кое мизогинијата тивко, но упорно се храни со стравот и молкот на жените.
3
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврзаност, довербата и емпатијата во општеството.
3
Фото: ПРВО, ПА ЖЕНСКО!
Погледнете фотографии од мајката и бебето. Првото родено бебе во 2015 година е девојче! Рингераја.мк му посакува многу з...
3




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?