Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
До ботулизам се доаѓа кога детето ќе проголта Clostridium botulinum бактерија, која се наоѓа во прашина и нечистотија и која може да го загади медот. Clostridium botulinum бактеријата е една од најотровните супстанции кои му се познати на човекот. За децата и возрасните оваа бактерија не е штетна заради тоа што нивниот дигестивен систем е зрел и може да ја исфрли бактеријата од телото пред таа да нанесе било каква штета. Но малите бебиња се уште не развиле способност за одбрана од бактерии. Така, бактериите во организмот на бебето предизвикуваат токсини. Тој токсин може да ја наруши нормалната интеракција меѓу мускулите и нервите и да му оневозможи на доенчето да се движи, да јаде и да дише.
Останатите видови на ботулизам можат да ги погодат постарите деца и возрасните: ботулизам на раните се случува кога бактеријата ќе ја зарази раната и ќе создаде токсини во нејзината внатрешност; ботулизам кој се пренесува со храна обично се добива ако јадете храна од конзерва која е отворена пред неколку дена и во која се наоѓа токсин.
Ботулизмот кај доенчињата е можно да се излечи, но заради неговата сериозност важно е навреме да се препознаат симптомите. Заради тоа е многу важно да избегнувате да им давате на бебињата помали од 1. година мед.
Што се случува во телото?
Возрасните можат да се заразат со ботулизам само ако изедат храна која содржи во потполност развиен токсин. Кај доенчињата малите бактериски спори, кои инаку не можат да и наштетат на возрасна личност, можат да се размножат во цревата на бебето. Кога еднаш ќе допрат до цревата, бактериите созреваат и испуштаат токсини. Тие токсини влегуваат во крвотокот и допираат до самите нервни завршетоци кои ги контролираат мускулите. Тие го спречуваат испуштањето на хемикалија која се вика acetylcholine, а која пренесува сигнали од нервите до мускулите. Доколку не дојде до испуштање на оваа хемикалија во вистинското време, мускулот не може да се стегне. Тоа може да предизвик слабост на мускулите и парализа. Друг случај е кога ќе се блокираат нервите во внатрешноста на дијафраграма со што се оневозможува дишење на бебето. Оваа состојба може да предизвика и смрт, доколку не се лечи.
Како да препознаете ботулизам?
Симптомите на ботулизам се појавуваат од 18 до 36 часа по внесувањето на бактеријата. Понекогаш се доволни само неколку часа додека се појават првите симптоми, а понекогаш може да помине и една недела пред нивната појава. Затворот е обично прв симптом на ботулизам, кој може да го забележат родителите, Но постојат и многу други ситуации кои може да предизвикаат затвор. Така што, најдобро е да посетите педијатар ако детето нема столица три дена.
Останати симптоми
Ботулизмот кај доенчињата може да се лечи. Најважно е правовремено да се даде лекарска помош и тоа што побрзо. Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш обратете се кај својот педијатар.
Лечење
Ботулизмот кај доенчињата се лечи во болница, на одделот за интензивна нега, каде лекарите ќе се обидат да ги ограничат проблемите кои токсините ги предизвикале во телото на бебето. На пример, ќе го приклучат бебето на респиратор, за да му го олеснат дишењето. Бидејќи токсинот може да влијае на мускулите кои го контролираат голтањето, лекарите може да му даваат на бебето течност интравенозно за да му обезбедат исхрана. Со правилна лекарска нега доенчето ќе се опорави кога во потполност ќе исчезнат последиците од токсинот. Лечењето на ботулизам кај доенчињата вклучува хоспитализација, одмор во кревет, давање течност низ вена, посебен вид на клистер кој може да се користи за да го исчисти дигестивниот тракт од спори, антибиотик за уништување на бактеријата во цревата и респитарор.
Што после лечењето?
Кога еднаш ќе исчезнат симптомите и Вашето бебе ќе биде излечено, не е потребно понатамошно лечење. Доколку бебето ги преживее првите денови на ботулизам, можат да поминат и неколку месеци пред потполно да се повлечат симптомите. После тоа опоравувањето е потполно. Доколку е потребно може да се примени физикална или медицинска терапија за враќање на тонусот на мускулите кај бебето.
Докторот може да го набљудува бебето и неколку месеци по исчезнувањето на симптомите на ботулизам. Ќе се надгледува способноста на бебето за правилно дишење и контрола на мускулите.
НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА МУ ДАВАТЕ МЕД НА ДЕТЕТО ПОМАЛО ОД ЕДНА ГОДИНА НИ ВО ШИШЕ, НИ НА ЦУЦЛА, НИ НА БРАДАВИЦА, НИТУ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН!
Превенција
За да бидете сигурни дека Вашето бебе нема да се заради со ботулизам, придржувајте се на следното:
Забелешка:
Сите материјали, статии, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето и здравјето на Вашето дете, консултирајте се со матичниот лекар.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......