|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју со Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Редакција Рингераја, 11.10.2013
Со Сарита Јашарова од организацијата за заштита на правата на жените и децата од ромската популација ЛИЛ разговараме за проблемите со кои се соочуваат Ромите во образованието и здравствената заштита и за начинот на живот на невидливите лица во Р.М.

image
/21


 

 

Кон крајот на деведесетите Сарита ја започна својата работа како ромски активист, најнапред работејќи како стажант,  а потоа три години како вработена во  Европскиот Центар за заштита на правата на Ромите во Будимпешта. Истата година, на ромски јазик уредува  квартална аудио верзијата на нивниот квартален весник  за прекршување на правата на Ромите во Централна и Источна Европа. Подоцна, во 2002 година го преведува и синхронизира Ганди на Ромски јазик заедно со едукативен прирачник  на ромски јазик како алатка за идните активисти за човекови права. Во 2003 година работи во Општината Шуто Оризари а потоа во период од 2006-2007 година како Референт за Ромски прашања во Општина Ѓорче Петров преку проектот ,,Интер  Етнички дијалог,, - Програма за Ромски референти подржан од Германскиот Каритас.

Во период од 2004-2005 година работеи како контакт лице за Проектот- Ромите и Пактот за Стабилност во проектот ,,Роми искористете го својот глас мудро,, ОБСЕ, ОДИХИР – Варшава, контакт одделот за Ромски и Синти прашања.

Работејќи со заедницата сама, запознавајќи се со вистинските проблеми и потреби,  ја увидува разликата од работата на интернационално ниво, локалната самоуправа, и ја согледува можноста да се најде себеси во поинаква форма на делување. Резултат на оваа одлука е формирањето на Невладината организација ЛИЛ на 19 мај 2005 година.

Денес, НВО ЛИЛ е членка на Интернационалната Ромска Женска Мрежа – IRWIN, а Сарита е претставник во Европскиот Форум  за Роми и Патувачи под покровителство со Советот на Европа. НВО ЛИЛ е членка и  на повеќе неформални групи, работни тела како со владини така и со невладини организации.

 

 

Редакција Рингераја:

Како што дознавме од Вашата биографија, во 2005 година сте основале здружение на просветните работници за заштита на правата на жените и децата од ромската популација. Кои се целните групи на Вашата организација, на која територија делувате, со какви проблеми се занимавате?

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Работата во Ромската заедница зависи од потребата на самото население. Целната група се Ромски семејства со посебен фокус на жените и децата. Работата во првите години ја започнавме во населеното место Злокуќани, Даме Груев и Свињарник (Сарај) а по три години, почнаа да ни се јавуваат и Роми од територијата на градот Скопје. Областа во која делуваме се човековите права со тоа што обезбедуваме бесплатна правна помош, советувања, поддршка во административни, управни и судски постапки. Овие услуги се даваат во областа на здравството и социјалата преку, дополнителен упис на лицата родени во домашни услови во Книгата на родени и дополнителен упис на лично име, добивање на лични документи, решавање на државјанскиот статус и обезбедување на престојот на лицата со статус на долготрајно вообичаени жители,  бракоразводни постапки и признавање на родителско право (признавање на биолошки татко )

Во областа на здравството работиме на постигнување на националниот опфат на имунизација на децата Роми, намалување на бариерите за нееднаков пристап до здравствени услуги што е резултат на слабата нееднаква имотна состојба на Ромите во однос со другите граѓани во РМ, вклучување на Ромите во системот на здравствена заштита и осигурување преку добивање на лични документи, прекршување на правaта на пациентите Роми при право на пристап до информации, право на давање соодветна медицинска услуга, право на пристап до медицинско досие и др.

Во областа на социјалната заштита, пишуваме жалби на одбиени лица од социјална помош до  првостепениот орган како и подготвуваме и доставуваме тужби до Управениот Суд за неправилно утврдена фактичка состојба и нецелосна примена на материјалното право. Воедно ги следиме и практиките кои многу често се однесуваат на Ромската националност за одбивање или прекин на социјална заштита поради ненавремено давање на нови информации за нова состојба во семејството или пак враќање на долг поради привремен работен ангажман со остварен приход по договор на дело којшто не е пријавен до Центарот за социјални работи. Еден добар дел од нашите активности отпаѓаат на посети од врата до врата, информирање на ромската заедница за сите новитети во областа на легислативата, превентивни мерки и програми од четирите области на Декадата.

 


Редакција Рингераја:

Вашата организација неколку пати поднесла претставка до Народниот правобранител за кршење на правата на пациените (барање на кауција за лекување, неиздавање на отпусна листа додека не се плати, не примање на лекување заради неплатен долг...) Дали една од целите на Вашата организација е вршење мониторинг на прекршување на правата на пациентите?

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

При мониторинг на Програмата за ослободување од учество (партиципација) за болничко лекување на пензионери со пензија пониска од 10. 850 ,00 мкд увидовме дека на  две лица им беше побарано да платат трошоци за болничко лекување иако според истата програма се ослободени од плаќање. На овие лица со претставки до Народниот Правобранител и до клиниките, им се издадени отпусните листи, ослободени се од плаќање и не се теретат како должници.

Минатата и оваа година евидентирани се повеќе од десет лица на кои не им е издадена отпусна листа. Повторно со претставки до Народниот правобранител  и благодарение на интервенција од нивна страна лицата ги добија отпусните листи, но не беа ослободени од плаќање за услугите што ги добиле во времето додека биле хоспитализирани.  Како и да е, им благодариме на Министерството за здравство затоа што за многу должници досега немаат покренато постапка пред суд. Наша препорака е да се креира Програма слична на онаа за ослободување од учество (партиципација) за болничко лекување на пензионери со пензија пониска од 10.850 ,00 мкд, и за лицата кои што примаат социјална помош врз основа на невработеност, а се работно способни. Нивните трошоци да се покријат на начин како кај пензионерите преку програма од Владата, или пак да бидат во онаа категорија на лица за кои што Министерството за труд и социјална политика таксативно ги наведува како целна група за ослободување од учество (партиципација) за болничко лекување. 

За да се заштитат од работење со загуба, одредени Управни органи на одредени Клиники бараат пари однапред т.е. кауција пред хоспитализацијата, за да се осигураат дека партиципацијата ќе биде платена. Остатокот од кауцијата, ако пресметката е помала го враќаат назад. Невладината организација ЛИЛ се сретна со таков проблем и заедно со Народниот правобранител оваа практика ја укина со претставка. Со дадената препорака на Народниот правобранител, Управниот Орган на една од клиниките на ден 03.06.2013 година донесе одлука за укинување на обврската на осигурените лица при приемот на болничко лекување да им се наплаќа кауција.

Во минатата и оваа години се соочивме со 4 случаи на мајки без извод на родени кои како ургентни случаи беа примени на Гинекологија во Државна Болница. На две, во соработка со Црвен Крст успеавме да им ги платиме болничките трошоци, а на другите две, за жал, не. Така да  со нив беше проблем истите  да излезат од болница и да добијат отпусна листа, затоа што не можеа да го платат во цел износ породувањето. Овие лица без документи се оставени сами на себе во овие случаи под ризик но и страв за своите бебиња. Значи ако имаш пари ќе се лекуваш ако не самиот си препуштен на себе си?

 


Редакција Рингераја:

На кој начин успеавте да издејствувате  укинување на плаќањето на кауција за прегледи, операции, интервенции на лицата од Ромска националност во Градската болница Скопје? Дали имавте многу пријавени случаи на кои им била побарана кауција?

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Повеќе од 10 случаи се евидентирани и за истите е реагирано со преставка до Народниот правобранител но за 5 од нив минатата година плативме ние како организација партиципација за да ги имаме како сведоштво, ни и за да можат истите понатаму да се лекувааат. Овие лица беа во тешка здравствена состојба. За ваквите практики и недоверба сведочат одбивањата на граѓаните да поднесат претставка. Довербата во институциите како и во информирањето за институциите како што е Народниот Правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и Комисијата за унапредување и заштита на правата на здравствена заштита треба да работи повеќе и на информирање на граѓаните за нивниот мандат, со посебен осврт кон ранливите групи на граѓани.

Укажувањата на Народниот правобранител е една од мерките кои можат да дадат препораки, но потребно се и измени и дополни на Законот за  здравствено осигурување да се набројат и  лицата без документи во

Законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување (Сл.весник на РМ бр.26 од 21.02.2012 година) во членот 5 став 1 точка 10 се менува и гласи:

 “ Лице корисник на постојана парична помош, лице со признаен статус на бегалец, лице под супсидијарна заштита, лице сместено во згрижувачко семејство, лице сместено во установа на социјална заштита (за институционална и вонинституционална заштита) корисник на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, најмалку до 26 години, а користи социјална парична помош, лице-жртва на семејно насилство за кое се превзема мерка за заштита согласно Законот за семејство и лице опфатено со организирано самостојно живеење со подршка, ако не може да се осигурат по друга основа“.  

При оцена на состојбите од областите што треба да се уредат со Законот за здравствено осигурување и една од основните причини за неговото донесување беше секако да се направат одредени промени т.е.  точно да се прецизираат корисниците на здравствените услуги, кои НЕ БЕА ОПФАТЕНИ, а тука не спаѓаат лицата без документи во овој законскиот текст.

 


Редакција Рингераја: 

Објаснете ни го терминот “невидливи лица”, кој често се споменува во Вашите документи. Дали е голем бројот на невидливи Роми во Македонија, со какви проблеми се соочуваат, кои права им се нарушени и Ваш предлог за решавање на статусот на овие лица.

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Постоењето на проблемот со легално невидливи лица во моментот се рефлектира низ три генерации. Првата е врзана со граѓанскиот статус на мајката и нерегулираниот престој во земјата, како и во земјата на потекло, втората се нерегистрираните лица од различна возраст(најмногу се засегнати младите мајки со новородените деца) каде нивните деца се третата генерација . Проблемот на лица без документи во регинот на некогашната Федеративна Република Југославија не е единствен но е својствен за определена група на лица од Ромска националност. Нивниот број ако во Р.Македонија изнесува околу 300 лица за неколку години ке биде дупло поголем, па затоа е неопходно кон овој проблем да се пристапи сериозно и во неговото решавање се вклучат повеќе ресорни Министерства. Ќе се обидам накратко низ приказната на М.Ш да го доловам начинот на живеење на луѓето без документи.

Лицето М.Ш. на 38 годишна возраст, останува без родители непријавена како постар малолетник влегува во неформален брак со лицето Г.А. и станува мајка на 4 малолетни деца. Пред 4 год се обраќа за помош во ЛИЛ. ЛИЛ во доказната постапка ги собира сите докази за нејзиниот идентитет со покрепен доказ ДНК за постоење на сродство од прв степен со братот кој по член 14 се стекнал со македонско државјанство за да се укаже дека се потомци на иста мајка и татко за што сведочи венцаницата  на нејзинитге родители.

И покрај направената ДНК анализа и оперативните проверки од страна на полицијата нејзиното барање е одбиено на првостепената комисија за кое парадоксално одлучува второстепена  комисија на истото ресорно Министерство и пак дава негативна одлука, дека барањето е неосновано. ЛИЛ упатува тужба до Управен Суд (третостепена постапка) во име на жалителката М.Ш поради

  1. Суштествени повреди на одредбите од Законот за општа Управна Постапка 2.
  2. Погрешна утврдена фактичка состојба
  3. Погрешна примена на материјалното право

Во моментот  за случајот имаме позитивен одговор. Тужбата е вратена на првостепена постапка и се чека на понатамошен исход.  Како последица на немање на извод, родените децата на М.Ш. се надвор од едукативниот, здравствениот и социјалниот систем. М.Ш. вели ,,Благодарам на Бога што децата сериозно не биле болни, но останаа сакати како мене не знаат да пишуваат и читаат.Како и секоја мајка јас сакам тие да учат и да се вработат, но што да правам, собираме пластика и благодарни сме му на Бога ако денес извадиме за леб да го поминеме денот. Јас чекам толку време, а којзнае пак моите деца уште колку ќе чекаат да ги пријават, ме загрижува нивната иднина да не биде како мојата....Ако ДНК не е доволен доказ за сродство не знам појак доказ од било кој друг...Од мојата судбина зависат уште четири други судбини.

До сега имаме два вакви случаи, еден во Гостивар и Скопје (нашиот случај) за кои што е отпочната процедура и траат веќе неколку години. На терен се индетификувани уште два до три случаи за кои што треба да се покрене постапка. Доколку овој случај се реши во полза на тужителката ова ќе биде успешна практика која ќе биде пример за другите вакви случаи да бидат во пократок период позитивно решени.

Лицето А.Т. има 19 години и е непријавена како родена. За истата ЛИЛ пред две години покрена постапка за нејзино пријавување за родена. Нејзината мајка е без никакво државјанство. ЛИЛ поведе постапка за средување на граѓанскиот статус на мајката а со тоа и право да ги пријави со регулиран престој во РМ своите две малолетни и едно полнолетно дете. Полнолетното дете А.Т. е мажена и живее во неформална заедница со лицето Д.Д. Досега таа останува два пати бремена чиј исход е породување на две мртвородени деца. Траумите низ кои поминува се шокатни за една млада 19 годишна девојка која е без документи. При првата бременост во четвртиот месец таа нема пари да го плати 4Д скринингот, при кој се открива дали постојат одредени аномалии на плодот. ЛИЛ минатата година се упатува до конзилиум на доктори и ги плаќа трошоците за преглед, но истата е одбиена за предвремено породување, заради стравот дека е малолетна и стравување за можните последици од таков оперативен зафат. Со посредство на ЛИЛ  и Црвен Крст таа се породува, раѓа женско дете, кое живее само два часа. Во моментот заради немањето на извод на мајката не постар од 6 месеци(иако е направена ДНК) овој случај е заглавен во административната процедура само за еден потпис и извод од МКР кој што треба мајката да го извади во Србија. Овој случај се појавува кај младите мајки како втора генерација и како проблем се рефлектира на третата генерација и се повеќе зема замав. Начелото на хуманост и правна сигурност со законскиот основ се контадикторни сами по себе, а самото оправдување од страна на управата е површинско и не дава јасна слика во што се состои недавањето на правото на странката да се здобие со свое право или правен интерес за упис на родени и лично име.

Случај С. Б.

Побивањето на татковство т.е запишувањето на биолошки татко е еден од феномите и отпор за запишување на децата во МКР во Ромската заедница како отпор на имплементацијата на законот за семејство кој вели дека по прекинот на брачната заедница (разводот) мора да поминат најмалку 300 дена за во изводот да не биде запишан брачниот другар што значи дека биолошкиот татко не се зема во предвид дококлу оваа законска рамка не е исполнета. Во примерот на С.Б е токму овој проблем искажан во 4 годишната мака за упис во МКР. Имено, мајката на С.Б е лице со лесна психичка попреченост која во вонбрачна заедница со Д.Б  ја раѓа С.Б во период на тие 300 дена по разводот. Оттаму настанува и проблемот, во графата на татко да стои нејзиниот биолошки татко а не брачниот другар. Затоа е направена ДНК анализа чиј предмет беше утврдувањето на сродство од прв степен меѓу детето С. Б и таткото Д.Б при чие запишување во матичната евиденција тој би стоел како билошки татко наведен во изводот.  И по две негативно донесени решенија дадена е тужба до Управен Суд за да се донесе одлука која ке биде правосилно уважена. Меѓутоа поради декларативната природа на одлуката на судот Управата за водење на Матичните Книги при Министерството за Правда и понатаму одбива истото да го направи. Лицето С.Б е бремена и се соочува со бариери во здравствениот систем во однос на потребните контроли кои се задолжителни во пренаталниот период, затоа што изискува високи финасиски импликации во однос на нејзиниот имотен и финасиски статус во момент. За среќа имаме позитивен исход лицето С.Б. доби позитивна пресуда и позитивно решение за добивање на Извод на Родени. Сега има лична карта, се породи и е здравствено осигурана, а нејзиното бебе има здравствена заштита. Во меѓувреме е венчана и не живее во вонбрачна заедница.

 

 

Редакција Рингераја: 

Што може да се случи кога една “невидлива жена” ќе забремени и ќе треба да се породи во нашите здравствени установи? Дали кај овие жени е честа практиката да се породуваат дома и со какви други проблеми се соочуваат? Дали наидуваат на разбирање и прогледување низ прсти од страна на здравствените работници и институциите?

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Како ургентни случаи тие никогаш не се вратени. Но при исписот настануваат проблеми. Институциите се делумно сензитивни кон овие прашања, Министерсвото за Труд и Социјална Политика од пред три години покрена мобилна акција на терен за идентификување на правно невидливи лица. Мобилните  тимови беа формирани од страна со по еден претставник од МВР, Министерството за правда, МТСП и  две невладини организациии( ЛИЛ и Амбрела), а покасно се вклучи и НВО Мир.На терен беа вкупно идентификувани 300 (триста) лица коишто се правно невидливи, т.е. не се евидентирани во матичната евиденција на родените( пријавени во книга на родени).  По идентификувањето на овие лица МТСП формираше работна група, под покровителство, логистика и кординација на  МТСП во која учествуваат преставници од одделни сектори како од Министерството за внатрешни работи, така и од Управата за водење на матичните книги при Министерството за правда и две невладини организации. Оваа група се формираше  со цел да се анализираат идентификуваните случаеви и да се разгледаат законските можности за нивно што побрзо е ефикасно решавање, т.е. да се  започне на управните постапки за упис во матичната евиденција .  По иницијатива на МТСП, а по одлука на Владата на РМ донесена е одлука за вкупно 30 случаи од идентификуваните правно невидливи лица  да се плати ДНК анализа од Буџетот на МТСП, која е неопходен доказ за  лица родени пред 2000 година  во управната  постапка за упис во МКР,  со цел  да се олесни постапката а со тоа и побрзо се решиво најбрз временски рок.  Досега околку 30 случаи се решени но за неколку од нив сеуште се води управна постапка во однос на достава на докази. Оваа година МТСП повторно ќе одобри одреден износ за одреден број на ДНК анализи потребни за лица за упис во книга на родени од 2000 година со што ќе го смали значително финансискиот проблем на овие лица. Сеуште останува проблемот со кој се соочуваме со групата на т.н. долготрајни вообичаени жители кои не можат да го продолжат својот престој во Р.М. заради неможност да извадат биометриски пасош од Амбасадата на Р. Србија и на Р. Косово. Истите се долготрајно вообичаени жители кои иако им беше дадена можност за државјанство не го исполнија условот да бидат на територија на Р.М. од 1991 година непрекинато затоа што престојувалиштето им било надвор од територијата на Р.М. најмногу во периодот од 1991 -1992 година.

 

 

Редакција Рингераја: 

Што се случува со децата кои произлегуваат од “невидливите семејства”? Дали можат да се школуваат, лекуваат и какви права имаат? Каква е иднината на овие деца?

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Иднината на овие деца е наведена во примерот на лицето М. Ш. . Направени се напори од Министерството за образование да истите деца во некои училишта бидат запишани , но на крајот на годината на истите не можат да им бидат издадени сведителства за завршена учебна година. Ако имаат пари нивните родители ќе се лекуваат, ако не дури  кога навистина болеста ќе стане алармантна и бара ургентен прием тогаш како ургентни случаи ќе бидат хоспитализирани.Некои од нив се препуштени самите на себе и на својата судбина.

 

 

Редакција Рингераја:

На кои проекти моментално работите и кои се Вашите понатамошни планови?

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Во моментот работиме на мониторинг и документирање на прекршување на правата на пациентите Роми, имунизација на Ромските деца чија цел е опфатот на ромските деца со вакцини во предучилишен период да се зголеми на  60-81% како и зголемување на опфатот на ромските деца со вакцини во училишен период е 33-71 % до 2020, вработување на Роми кои завршиле средно стручно медицинско училиште и вработување на 6 веке дипломирани Роми на Медицински Факултет.

 

 

Редакција Рингераја: 

На која адреса / телефонски број може да Ве најдат сите загрозени групи на граѓани и лица на кои им се нарушени правата ?

 

Сарита Јашарова, организација ЛИЛ

Тел: 02/2 031-201

Моб: 076 819 257

 

Ви благодариме

 

 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
4
СРЕЌНА НОВА 2014 ГОДИНА
Нека ви се расипат плановите, но НЕКА ВИ СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ЖЕЛБИ, копнежи и страсти...сето она што од сушноста ви доаѓа! ...
3
Рингераја - промотивно видео
Заедно, Ти, Јас ...тоа е приказната за нашето семејство - семеен портал www.ringeraja.mk
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?