vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
10.03.2014, Скопје. Денес се заокружи големата донаторска акција на Бимилк и Тинекс под мотото „Хуманоста е важна“, од која за помош на децата и младите со посебни потреби се собраа 152.942,00 денари. Собраните средства ќе бидат рамномерно искористени за купување на материјални средства и помагала за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби во Заводот за деца и млади “Топанско поле“ – Скопје и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин“ од Битола.
Акцијата која започна на 10.02.2014 и траеше сè до денес, овозможи од секое продадено Битолско трајно млеко во Тинекс маркетите низ целата држава (Битолско млеко 3,2%, Битолско млеко 2,8%, Битолско млеко со 10 витамини или Битолско light млеко 0,9%), да бидат издвојувани средства наменети за хуманитарна донација и тоа за јавни установи или ранлива категорија на граѓани.
Ова е уште една во редот на хуманитарните активности под платформата „Хуманоста е важна“, преку која Бимилк и Тинекс минатата година обезбедија средства за подобрување на животот на децата и младите во установите - ДСУ за рехабилитација и образование “Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“.
„Колку чинот на помагање го практикуваме во текот на целата година“ – е прашањето кое ги покрена двете домашни компании Бимилк и Тинекс за почетокот на иницијатива која со текот на времето се повеќе ќе се проширува. Се работи за нов пристап кон прашањето за хуманоста и чинот на хуманост, а тоа е дека треба да бидеме хумани преку цела година.
„Како општествено одговорна компанија, како и досега така и понатаму, ќе бидеме насочени кон пронаоѓање начини за помош и решавање на проблемите во сите сегменти на нашето опкружување, особено за оние на кои им е најнеопходна нашата помош“ – истакна Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк за потребата од оваа хуманитарна активност.
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...
Промени во расположението по недели во бременоста
Промените во расположението се чести во бременоста. Еден ден можете да...
Колку е точен календарот за овулација?
Календарот за овулација може да биде корисна алатка за ориентација, но...
Секс во плодниот прозорец - практичен водич
Ако се обидувате да забремените, времето на сексуалните односи може да...
Кои се здравствените придобивки од сексот?
Сексуалната интимност е дел од здравјето и благосостојбата на многу во...