|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Донација на Телеком и Т-мобиле во Детска Клиника

Редакција Рингераја, 20.12.2014
Донација на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија -софистициран медицински апарат во Клиниката за детски болести во Скопје

image
/11


 

  • Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком ја предаде донацијата
  • Новогодишни пакетчиња за сите деца на Детска клиника

 

На 18.12.2014 година, на Клиниката за детски болести во Скопје, Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донираа софистициран медицински апарат NEUROWERK EEG 36.

Апаратот, прв од ваков вид во Македонија е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.

„Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари.  Особено кога се подарува на деца. Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, но знам дека овој апарат  е неопходен за правилно дијагностицирање на епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно“. – истакна главниот извршен директор на Македонски Телеком – г. Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

„Во нашата амбуланта годишно во просек се прават 2500 ЕЕГ прегледи. Овој апарат е неопходен за точната проценка на локацијата и активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите.“ – истакна доц. д-р Софијанова и воедно ја изрази големата благодарност во име на целиот персонал и Клиниката за детски болести во Скопје за помошта и поддршката на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.

Медицинскиот апарат Neurowerk EEG  е засега прв и единствен во Македонија, кој  овозможува долготрајно ЕЕГ снимање и мониторинг на пациентите во траење од 24 и 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство,  отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести  во Скопје.

Во рамките на оваа пригода г. Андреас Маиерхофер, главниот извршен директор на Македонски Телеком ги посети сите деца од Клиниката за детски болести и во духот на новогодишната атмосфера им подари новогодишни подароци.

 


Македонски Телеком

Комуникации

press@telekom.mk

02/ 3242 – 506

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Еко акција со градинките и основните училишта
За денот на планетата Земја, младинскиот совет на Американската амбасада во Македонија трета година по ред го спроведува...
3
Фото: ПРВО, ПА ЖЕНСКО!
Погледнете фотографии од мајката и бебето. Првото родено бебе во 2015 година е девојче! Рингераја.мк му посакува многу з...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?