Ким Кардашијан скоро се врати на својата линија од пред бременоста, само шест месеци по породувањето, а за се е заслужна диетата Аткинс. За сите вас кои мака мачите со килограмите, еве решение!
Еве како треба да изгледа вашата дневна рутина, доколку се придржувате на диетата Аткинс. Оброците изгледаат вака:

Појадок – омлет од две јајца со спанаќ и сирење
Ужина – Путер од кикирики со зеленчук (краставица, црвена пиперка, брокула)
Ручек – Лосос на жар, блитва, салата со кремаст прелив
Ужина – јогурт со бадеми и боровинка
Вечера – Пилешки гради, брокула, салата со маслиново масло.
Препорачано е да се внесуваат протеини како риба, пилешко и немасно месо, здрави масти како што се авокадо, ореви, маслиново масло, многу шарен зеленчук богат со антиоксиданси и влакна.
За да не се фатите во замката на оваа диета, следете ги овие правила:
- Немојте да се мерите секој час. Вагата не може да направи разлика меѓу мастите, мускулите и водата, а можно е тежината да не ви се менува, а телото да ви се менува. Одличен метод е испробување на облеката или патиките кои ви биле тесни пред да започнете со оваа диета.
- Пијте што повеќе вода. Жедта често го смирува гладот, па наместо храна, земете вода. Секогаш носете вода со себе и кога ќе почувствувате глад, земете 1-2 голтки вода.
- Не ги прескокнувајте оброците! Држете го гладот под контрола така што ќе имате три оброци дневно, како и две ужинки. Многу е важно апетитот и желбата за храна да ги држите под контрола.
- Одвојте време за себе! Новпечените мајки мораат да ги губат килограмите постепено. Премногу брз губиток на килограмите може лошо да влијае на млекото. Додека детето цица, губењето на еден или два килограми неделно е сосема во ред.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Редовниот сексуален живот и здравјето
Сексот не е само израз на љубов и интимност меѓу партнерите, туку може да има и позитивно влијание врз физичкото и мента...
8
Релаксирана бременост
Бременоста во животот на една жена е исклучителен период и зависно од чувствителноста и нејзиниот карактер може да ја до...
5
Фотографии од свадбата на Елена Ристеска
Елена Ристеска и Бојан Ивановски синоќа стапнаа на лудиот камен. Во прилог се неколку фотографии од нивната свадбена вес...
5
Зошто жените избираат црна облека за важни...
Црната боја со децении е симбол на елеганција, самодоверба и безвременски стил.
4