Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
“Следејќи ги потребите на децата, но и нивните родители, ја организираме оваа манифестација која има за цел да понуди интересни содржини, едукативни активности, социјализација на децата, враќање на старите познати маалски игри кои се заборавени, како и бесплатни советувања од професионален тим во областа на педијатријата и нутриционизмот. Воедно ќе бидат понудени попусти и интересни акции во детските продавници. Креирањето и реализирањето на ваков тип на настани, се само потврда дека Скопје Сити Мол континуирано се грижи за заедницата во која делува’’
Скопје (14.05.2014) Во најголемиот мол во Македонија од утре започнува вториот Сити Детски Саем. На саемот покрај богатата програма и многуте содржини интересни за сите деца, ќе бидат понудени и големи попусти од страна на детските продавници за играчки, гардероба и детска опрема.
“Следејќи ги потребите на децата, но и нивните родители, ја организираме оваа манифестација која има за цел да понуди интересни содржини, едукативни активности, социјализација на децата, враќање на старите познати маалски игри кои се повеќе се забораваат, како и бесплатни советувања од професионален тим во областа на педијатријата и нутриционизмот. Воедно ќе бидат понудени попусти и интересни акции во детските продавници, а истотака ќе има и улица на книгата со повеќе издавачи од земјава. Креирањето и реализирањето на ваков тип на настани, се само потврда дека Скопје Сити Мол континуирано се грижи за заедницата во која делува’’, изјавија од Скопје Сити Мол.
На вториот Детски Саем најавени се настапи на дечиња од детски фестивали и детски хорови, работилници за деца во детското креативно катче, забава и смеа со аниматори и магионичари, гостување на театарски групи, детска модна ревији како и многу други интересни активности за децата.
Интересен е фактот што за прв пат на овој саем се организира Улица на игрите, во кое најмладите посетители ќе можат да се забавуваат на добро познатите игри, како “плочка”, “не лути се човече”, „змија“ и многу други.
Дополнително, за време на саемските денови ќе бидат организирани и работилници со педијатар, нутриционист и дерматолог, на кои родителите ќе можат да добијат бесплатни совети и одговори на секакви двоумици и прашања поврзани со развојот на децата.
Посетителите на Скопје Сити Мол, за време на оваа манифестација ќе можат да го проследат и првиот Саем на детска книга, а воедно и да ги научат техниките за успешно владеење на шаховската табла, презентирани од страна на Гамбит.
Вториот City Детски Саем се одржува на 2 кат во Скопје Сити Мол и трае се до 20.05.2014 година.

4
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Цел ден за себе, одмор за умот и телото
Цел ден само за себе е ретка можност да се поврземе со нашите мисли, ж...
10 совети за нега по појава на првото запче кај бебето
Појавата на првото запче е важен момент во развојот на бебето. Иако е ...
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Како хормоните го контролираат процесот на зачнување?
Хормоните го регулираат менструалниот циклус, овулацијата и создаваат ...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?