vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Елеонора Тодоровска има пет години и се бори со леукодистрофија, ретка генетска болест која се јавува кај едно од 100.000 деца. Од дете со совршен развој, претходниве две години Елеонора ги минува низ болнички ходници бидејќи не може да оди, не зборува, отежнато голта, не може самостојно да се храни.
Болеста стагнираше по неколку здравствени третмани направени во Франција, што отвора можност и за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница „LIV hospital” уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста преку третман со матични клетки. За целта да биде остварена потребни се 17 400 евра за првите третмани.
За Елеонора да може да има подобро детство и живот, потребна ни е вашата помош за семејството да може да го плати лекувањето. Со донациите, помагате таа да може повторно сама да се храни и да биде дете како сите останати, а со надеж дека и повторно ќе застане сама на нозе.
Доколку сте во можност, вашиот придонес можете да го дадете преку телефонските броеви:
За корисници на Телеком: 143138
За корисници на A1: 143480
Трансакциската сметка во Тутунска банка на име Сања Тодоровска: 210501555959395
Донирате, за малиот борец да ја добие големата битка со болеста! Секој ден е од исклучителна важност за да заедно го стопираме прогресирањето на болеста и да помогнеме за подобрување на здравствената состојба.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...
Зошто бебињата се напрегаат и испуштаат звуци?
Грчењето, стенкањето и напрегањето кај бебињата често ги загрижуваат р...
Од играчки до чорапчиња, зошто бебето става сe во уста?
Од играчки и прсти до ќошиња од ќебенца за бебето устата е еден од нај...
Како да ја олесните разделбата со бебето?
Првата разделба со бебето може да биде тешка и за детето и за родитело...
Психичка благосостојба во бременоста
Бременоста носи многу убави очекувања, но и промени, грижи и неизвесно...