vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Самиот факт дека компанијата е формирана како првата млекарница во Македонија говори за долгогодишната традиција, за беспрекорниот квалитет и за 65-годишната посветеност во работата да се изгради бренд со тежината на името „Млекара Битола“.
Бимилк своите корени ги влече од далечната 1952 година, кога од повеќе трговски претпријатија е формирано млекарско претпријатие „Млекар“ Битола,чиј дневен капацитет тогаш изнесувал 10.000 литри, а денес, по 65 години, компанијата може да се пофали со годишна преработка нанад 90 милиони литри млеко и производство на повеќе од 54 различни производи.
Денес, Битолска млекара е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, секојдневно задоволувајќи ги потребите на повеќе од милион задоволни потрошувачи. А, токму потрошувачите се и во фокусот на деловната стратегија на компанијата од почетокот до денес. Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството, меѓутоа константната отворена комуникација е она што денес ја прави Бимилк компанија што вистински допира до умот и до срцето на потрошувачот.
Всушност, следењето на светските трендови, како и инвестициите во нови софистицирани технологии со целосна посветеност на безбедноста и квалитетот на производите, овозможија проширување на асортиманот и креирање производи што ја потврдуваат лидерската позиција на компанијата во индустријата за млеко и млечни производи.
65-годишниот успех на Бимилк, несомнено, се должи и на добрите односи што компанијата од самиот почеток ги гради со сите свои кооперанти и фармерите, кои континуирано испорачуваат сурово млеко со врвен квалитет. Одличната соработка, помошта и поддршката на плановите за развој и унапредување на фармите говорат и за фактот дека млекарницата денес е најголемиот купувач на сурово млеко во Македонија.
Благодарејќи на сето ова, на сите континуирани иновации во производствениот процес, на сите стратешки инвестиции, но, се разбира, и благодарејќи на беспрекорниот квалитет на производите, денес Бимилк е првиот избор за млечен бренд во Македонија, а армијата луѓе што секојдневно ги купуваат производите се најдобар доказ за успехот на компанијата веќе 65 години.


5
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето. ...
Промени во расположението по недели во бременоста
Промените во расположението се чести во бременоста. Еден ден можете да...
Колку е точен календарот за овулација?
Календарот за овулација може да биде корисна алатка за ориентација, но...
Секс во плодниот прозорец - практичен водич
Ако се обидувате да забремените, времето на сексуалните односи може да...
Кои се здравствените придобивки од сексот?
Сексуалната интимност е дел од здравјето и благосостојбата на многу во...