Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Великанот на британската современа уметност, Хенри Мур инспирациите за своите дела ги наоѓал многу често во животот околу него. Во најновата изложба на овој уметник во Скопје претставени се и дела од албумот наречен „Мајка и дете“.
„Идејата „Мајка и дете“ е една од моите две или три опсесии, една од моите неисцрпни теми. Ова можеби е поврзано со фактот што „Мадона и дете“ беше толку важна во уметноста од минатото и што некој ги сака старите мајстори и научил многу од нив. Но и самата тема е вечна и непресушна, со премногу... можности во себе – мала форма во однос на поголема која ја штити малата, и така натаму. Тоа е толку богата тема, и од аспект на човекот и од аспект на композицијата, што ќе продолжам да ја користам и понатаму.“ – Хенри Мур (Цртежите на Хенри Мур 1969-79 година, Вилденштајн, Њујорк 1979 година, стр. 29)
Во оваа селекција е вклучен и дел од албумот Мајка и дете I-XXX, 1983 година. Волтер Роси, прочуен италијански графичар, ќе му предложи на Мур да изработи серија бакрописи на оваа тема за да илустрира стихови од италијанската поезија. Токму во овој период внучето на Мур е бебе. Од самиот почеток Мур добива силен наплив и инспирација и создава триесет дела, сè додека не му се влоши здравствената состојба. Тој го потпишува последното издание само еден месец пред да почине, во 1986 година.
Изложбата „Хенри Мур - графичарот“ се состои од 80 принтови и 6 скулптури - минијатури од колекцијата на Британски совет и ќе биде изложена во Музеј на современата уметност – Скопје од 18 април до 31 мај 2013 година.
Прочитајте повеќе на www.britishcouncil.mk и следете ги новостите на www.facebook.com/BritishCouncilMacedonia и www.twitter.com/mkBritish

Мајка и дете V, 1983 година
од албумот Мајка и дете
P5667 или CGM 675
бакропис, акватинта и рулет во две бои
280 x 213мм
©Репродуцирано со дозвола на Фондацијата „Хенри Мур“
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто генетското советување е важно за некои парови?
Планирањето семејство не е само емоционална одлука, туку и важен чекор...
Вашето здравје е првиот дом на идното бебе
Бременоста е едно од најважните животни поглавја, а најдобрата подгото...
Што ако детето одбива да се откаже од цуцлата?
Цуцлата е утеха за многу деца, им помага да се смират, полесно да засп...
Улогата на доењето во создавање емоционална поврзаност
Доењето често се гледа првенствено како начин на исхрана, но неговото ...
Сe за сите, ништо за себе: тивкиот предизвик на мајките
Во периодот по раѓањето на детето, многу мајки несвесно влегуваат во о...