|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Исхрана

Каква храна да му понудите и на кој начин
За децата гответе храна која е примерена за нив и која не е прилагодена на вкусот за возрасните. Наместо солена, тешка, мрсна и јако зачинета храна на детето понудете му што поедноставна, природна и дома припремена храна со неутрален вкус. Многу малку посолете ја или зашеќерете ја храната. Најпогодни се свежи, непреработени продукти. При преработка обично се намалува бројот на витамини, минерали и останати нутритиенти. За децата секојдневно подготвувајте свежа храна. Најдобро направете план кога и која храна ќе му ја понудите. Неговото мени треба да содржи многу свежо овошје и зеленчук. Посебно е здрав темнозелениот лисест зеленчук, затоа што содржи многу калциум, потоа житарици, најдобро полнозрнести. Јадења со месо понудете му два, три пати неделно. Месото може да го замените со свежа риба, која би требало да биде еднаш неделно на менито, или соја. Во секојдневната исхрана обавезно треба да има млеко и млечни производи.

Јадења од замрзнувач

Лошото расположение кај децата често е последица на претераното мешање на продукти, или на половина приготвена храна од замрзнувач. Исто така некои продукти се опасни за децата. Децата не смеат да јадат јадења со сирово месо (бифтек), пикантни јадења, диво месо и печурки. Забранети се јадења од сирови јајца, затоа што може да се заразат со салмонела. Јајцата варете ги најмалку седум минути. Во колачињата или храните за деца треба да избегнувате алкохолни додатоци или кафе.

Важност на редовната исхрана

Дневната исхрана на детето треба да содржи барем 5 оброци. Најдобро е еден оброк да се состои од три до четири врсти на продукти. Со ретки и преобилни оброци, го оштетуваме дигестивниот систем кај детето. Ако тоа е можно, обидете се да го храните детето секој ден во исто време, за да може да воспоставите редовна исхрана. Помеѓу оброците на детето не нудете му храна или слатки пијалаци. Желудникот треба да се одмори, заради тоа раздалеченоста меѓу оброците нека биде најмалку 3-4 часа. Во тој период нека испијат квалитетен овошен сок (најдобро свежо цеден), природен млечен напиток, или сезонско овошје.

За правилен развој потребен е квалитетен сон и одмор. На детето во првата половина на втората година потребни му се 9-12 часа ноќно спиење, а на некои сеуште му е потребен и краток одмор во текот на денот. Посматрајте го детето. Лошо расположение, кенкање, непослушност, невнимателност, можат да бидат знаци на умор и поспаност. Ако детето не може да заспие, тогаш само нека одмара. Земете го во прегратка, раскажете му приказна, или читајте му книга.

Отпорност на болести

За добро здравје многу е важна отпорноста на детскиот организам која се зајакнува со многу витамини, овошје и зеленчук. Важна е и хигиената на рацете, затоа научете го детето само да ги мие рацете, а со тоа да ги отстрани опасните бактерии и бацили. Рацете треба да се измијат пред секој оброк, по враќање од игралиште, од прошетка, или од продавница. Одвикнете го од допирање на носот и очите, затоа што на тој начин бактериите се пренесуваат на осетливи места.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?