|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Возраст на вашето дете: 2 години


Двегодишните деца се бесконечно напорни. Но и пубертетот брзо ќе дојде, а тогаш ќе посакате детето повторно да биде мало.

Преовладува мислење дека двегодишните деца се многу напорни. Ако им помогнете да го откријат светот околу нив, сите ќе бидат задоволни. Во овој период детето доживува забрзан интелектуален, социјален и емоционален развој. Не само што го запознава светот, туку и се околу него добива смисла.

Во третата година од животот детето ќе ја зголеми телесната тежина за околу 2 килограми, а ќе порасне од 6 до 8 cm.


Развој на детето: Развојни фази


Моторички развој
Танчер, архитект, сликар, вајар, атлетичар или имитатор на животни, во сите улоги детето одлично се снаоѓа. Мeѓу новите вештини со кои владее е фрлање на предмет во одреден правец. Знае да ја фати топката, да скока како мало зајаче, да оди на прсти напред и назад, или да прескокнува препрека висока 5 cm. Во овој период добива чувство за ритам и игра ако слушне музика.

>> Повеќе


Развој на детето: Здравје и нега


Систематски преглед
На двегодишна возраст на детето повторно ќе му биде закажан систематски преглед. Ќе се сретнете со педијатар кој ќе го прегледа детето и ќе го оцени неговиот развој и по потреба ќе ве советува и ќе одговори на вашите прашања. Цел на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и душевното здравје со цел рано откривање на болести, заради рано лечење и рехабилитација. Исто така има цел да открие неповолни социјални услови и нездрави животни навики во семејството во кое детето живее. Прегледите се во 1, 3, 6, 9, 12 и 18 месец, а потоа во 2 и 4 година.

>> Повеќе


Развој на детето: Спиење


Спиење
На дете од две години потребни му се 11 до 13 часа ноќно спиење и уште една двочасовна попладневна дремка. Стручњаците препорачуваат рано заспивање. Ако во 19 часот ви се чини прерано за спиење, вистинско време е од 20 - 20:30 часот.

>> Повеќе


Развој на детето: Исхрана


Храната која ја јаде детето треба да содржи доволно протеини, витамини и минерали. Не е проблем што детето не сака да јаде одредена храна, ако истите нутритивни вредности ги добива од друга храна. Детето кое јаде вообичаена семејна храна и секој ден пие млеко и витамини, сигурно ќе добие се што му треба.

>> Повеќе


Развој на детето: Во градинката


Дали детето треба да оди во градинка?
Градинката е важна за детскиот развој, заради се’ што детето добива таму. Градинката му дава можност за развој на комуникација, прифаќање на себе и другите, договарање, почитување на различностите и соработка во друштво. Ја поттикнува љубопитноста, истражувачкиот дух и фантазијата, развојот на говор, емпатија, разбирање на другите и ликовна креативност. Во градинката е нагласен развојот на моторичките способности и останатите вежби за вештина на рацете. Стручно оспособените лица во градинките на детето му пласираат знаења од различните подрачја на науката и секојдневниот живот. Му помагаат кон поголема самостојност при хигиенските навики и грижата за сопственото здравје. Значи тоа не е само облик на чување, тоа се искуства кои детето неможе да ги стекне ако го чуваат дадилка, баба и дедо.

>> Повеќе


Развој на детето: Си играме


Игра на улоги
Детската фантазија во овие години нема граници, заради тоа се безгранични и многубројните игри кои можат да се играат со детето. Една од најважните игри е играта на улоги (преправање дека детето е некој друг). Детето со радост ќе се обиде да ги одигра улогите на сите кои го опкружуваат. Ќе стане мајка и татко и ќе се грижи за Вас, ќе Ве теши, храни и ќе Ви помогне околу основните домашни работи. Кога ќе биде татко, можеби ќе работи и некоја физичка работа. Ако во семејството некој се разболи, може да биде и доктор. Играта ќе стане уште поинтересна ако му дозволите да ја облече вашата облека. Ако имате и некоја перика, тогаш играта на улоги ќе стане една од најинтересните.

>> Повеќе


Развој на детето: Добро е да се знае


Поттикнување на самостојноста
Детето сака да биде самостојно во се што прави. Без оглед на тоа што се двоумиме дали успешно ќе ги реши задачите, треба да ја поттикнуваме неговата самостојност, бидејќи така му ја јакнеме самодовербата. Родителите треба да бидат многу трпеливи во ваквите ситуации. На детето можеме да му допуштиме да се мие само, на пример. Во суштина, никогаш не е прерано детето да се обиде такво нешто, се разбира со Ваша помош. Пред спиење само нека го измие лицето, а за време на капење само нека се насапуни. Ваша задача е да внимавате да не се слизне на мократа подлога, или да не се изгори во многу жешка вода. Облеката која ќе ја измокри потребно е да се извади, за детето да не настине.

>> Повеќе


Дали сте знаеле?


Кога детето ќе почне да се плаши од чудовишта, кои живеат во орманот или под креветот, тоа е добар знак дека почнало интензивно да се служи со својата фантазија, но сеуште не знае да ја одвои стварноста од фикцијата.

Слична содржина


Претходен период: Возраст од 18 до 23 месеци
Следен период: Возраст 3 години



Слични артикли: