|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Возраст на вашето дете: од 18 до 23 месеци


Дали забележавте дека долго веќе не сте шеф во семејството? Толку се мали, а толку одлучни!

Вашето дете пие од шишенце? Ако одговорот е да, тогаш наполнете го со вода, а не со сок или млеко. Обидете се што поскоро да го одвикнете од тоа. Пред се, штетно е доколку детето заспие со шишенцето во уста. Освен тоа што може да се засркне, слатката течност полека тече низ цуцлата, завршува во детската уста, се разградува во киселина и предизвикува кариес во раното детство. Ако на детето не му ги миете забите, сега е крајно време да почнете. Низ игра нека научи дека редовната хигиена на устата е многу важна.


Развој на детето: Моето малечко


Во втората година на животот растот се успорува. Детето месечно ќе порасне околу 1 cm.(12 cm годишно). Тежината во втората година ќе се зголеми отприлика за 3 кг. Намалениот апетит и зголемената активност ќе доведат до топење на масните наслаги.


Развој на детето: Развојни фази


Развој на моториката
Во средината на втората година детето ги разнесува играчките наоколу. Исто така ужива да влече или турка различни играчки или кутии. Трча внимателно, со погледот вперен кон подот. Се качува и симнува по скали со Ваша помош. Ужива во качување по столици и други предмети. Игрите стануваат се покомплексни: со коцките гради столбови, ја тркала топката или ја удира со нога и притоа одржува рамнотежа. Знае да ги врти страниците на книгата и гледа едноставни сликовници. Имитирајќи влече рамни линии на хартија. Покажува склоност кон поголема употреба на едната (доминантна) рака.

>> Повеќе


Развој на детето: Здравје и нега


Систематски преглед
На 20 месеци старост детето ќе прими прва ревакцина на вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и hemofilus influence tip B. Во Македонија е задолжителна вакцинацијата против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица), детска парализа, хемофилус инфлуенце тип Б, потоа вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, како и вакцинација против жолтица тип Б и туберкулоза. Погледнете го Календарот за вакцинација на Рингераја

>> Повеќе


Развој на детето: Исхрана


Каква храна да му понудите и на кој начин
За децата гответе храна која е примерена за нив и која не е прилагодена на вкусот за возрасните. Наместо солена, тешка, мрсна и јако зачинета храна на детето понудете му што поедноставна, природна и дома припремена храна со неутрален вкус. Многу малку посолете ја или зашеќерете ја храната. Најпогодни се свежи, непреработени продукти. При преработка обично се намалува бројот на витамини, минерали и останати нутритиенти. За децата секојдневно подготвувајте свежа храна. Најдобро направете план кога и која храна ќе му ја понудите. Неговото мени треба да содржи многу свежо овошје и зеленчук. Посебно е здрав темнозелениот лисест зеленчук, затоа што содржи многу калциум, потоа житарици, најдобро полнозрнести. Јадења со месо понудете му два, три пати неделно. Месото може да го замените со свежа риба, која би требало да биде еднаш неделно на менито, или соја. Во секојдневната исхрана обавезно треба да има млеко и млечни производи.

>> Повеќе


Развој на детето: Добро е да се знае


Разгаленост
Разгаленоста почнува со премногу попустливи родители кои не можат да истраат во своите забрани, а децата не ги почитуваат. Бидете доследни и јасни. Од своите правила не отстапувајте, но бидете отворени за аргументите на детето, па променете ја својата одлука, ако не е правилна. Говорете одлучно (никогаш немојте да сте насилни!) но сеедно, бидете опуштени, весели, љубезни и почитувајте го детето како рамноправно на себе. Малите деца сеуште не можат да ги разберат долгите проповеди за морал, брзо им станува досадно и не можат да се концентрираат. Објаснувањата нека бидат кратки, јасни и прилагодени на детската возраст.

>> Повеќе


Развој на детето: Си играме


Децата сакаат куќни работи
Низ игра вклучете го детето во куќните работи. Нека Ви помогне во готвење, класифицирање на облеката, чистење на купатилото (тоа најмногу ќе го воодушеви). Вистина е дека работата многу побрзо ќе ја завршите сами, но освен детската радост и чувство на важност, ќе го научите дека сите членови на семејството рамноправно треба да учествуваат во куќните работи. За секоја извршена работа наградете го.

>> Повеќе


Дали сте знаеле?


Бројот на дебели дечиња е во пораст, пред се во развиените и земјите во развој. Во Америка секое петто дете е дебело. И кај нас дебелите дечиња не се реткост, бидејќи 12% од учениците се претешки за својата возраст.

Слична содржина


Претходен период: Возраст од 12 до 17 месеци
Следен период: Возраст 2 години



Слични артикли: