|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Развојни фази

Развој на моториката
Во средината на втората година детето ги разнесува играчките наоколу. Исто така ужива да влече или турка различни играчки или кутии. Трча внимателно, со погледот вперен кон подот. Се качува и симнува по скали со Ваша помош. Ужива во качување по столици и други предмети. Игрите стануваат се покомплексни: со коцките гради столбови, ја тркала топката или ја удира со нога и притоа одржува рамнотежа. Знае да ги врти страниците на книгата и гледа едноставни сликовници. Имитирајќи влече рамни линии на хартија. Покажува склоност кон поголема употреба на едната (доминантна) рака.

При крајот на втората година детето е многу повешто. Трча посигурно и лесно застанува. Исто така полесно ги избегнува препреките. При качување и симнување по скали се држи за оградата. Со леснотија турка или влече играчки на тркала, се оттурнува на трицикл со нозете, затоа што сеуште не знае да користи педали. Сака да се качува по намештајот со намера да отвори прозорец или врата.

Малку пред втората година, јаде храна со лажица и ужива во игрите на фрлање и фаќање на топката.

Важни се и негативните чувства

Чувствата, дури и оние непријатните, се многу важни за развојот на детето и пред се за меѓусебните односи. Тие ги насочуваат нашите потреби кон позитивни цели, кои можат да бидат луѓе, предмети или ситуации. Заради позитивните чувства се дружиме, некои луѓе повеќе не привлекуваат од другите, во некој простор се чувствуваме подобро, отколку во друг. Ни помагаат да се прилагодуваме на ситуациите и имаат одбранбена функција.

Ако знаеме да ги толкуваме своите чувства и нивното доживување, можеме да ги препознаеме и кај други луѓе. Со тоа се ставаме во нивна позиција и добиваме поинаков поглед на ситуацијата. Таков пристап користат многу родители кои, наместо физички казни или емоционален притисок, се одлучиле за разговор со детето за тоа како би се чувствувало ако нему му се направело она што тоа им го направило на другите. Кога детето го ставаме на местото на друга личност и разговараме за доживувањата на другите, го поттикнуваме развојот на емпатија т.е можноста да се соживеат со чувствата на другите. Детето треба да се научи да се радува на успесите на своите пријатели и да знае да сочувствува со несреќата на другите.

Детето може здраво да се развие само во емоционално богата околина. Децата кои имаат недостаток на чувства, било позитивни или негативни, кои не разликуваат пријатност и нелагодност и кои се често сами, имаат лоши основи за успешен емоционален развој. Недостатокот на емоционални врски може да доведе до потешкотии и болести. Емоциите делуваат на функционирањето на телото и можат да предизвикаат психосоматски болести.

Стравови на детето

Во втората половина на првата година се развива страв што е предизвикан од изненадна и неочекувана ситуација од околината. Тоа може да биде страв од одвојување, кој се нарекува и сепарационен страв и се појавува како последица на се поголемата приврзаност на детето со родителите. Тој страв посебно се забележува пред спиење и заради тоа многу деца имаат “преоден” предмет (ќебенце, плишана играчка) која претставува симбол на родителите кога не се присутни.

Со две години се развиваат срамежливоста и чувството на вина, кои меѓусебно се поврзани. Ако е детето без пелени и се измоча, може да се усрами.

Развој на говорот

Говорот најбрзо се развива во овој период. Детскиот речник се зголемува за 10-100 зборови. За тоа допринесува интересот за предметите од околината, покажување на прстот кон нив, како и постојаните прашања“што” и “што е тоа”. Кога детето ќе усвои околу 50 зборови, почнува да поврзува по два збора во едноставни реченици.

Мал истражувач

Љубопитноста и истражувањето се главни активности на малото дете. Посебно му е интересно се што е забрането. Ќе му направите голема услуга ако му забранувате што помалку. Тоа направете го само тогаш кога со својата активност може да се повреди или да ве повреди. Наместо да повторувате НЕ, најдобро е да ги тргнете сите опасни предмети, со цел детското истражување да биде што попријатно. Малите истражувачи ги користат родителите како сигурна база околу која кружат додека истражуваат и секогаш се враќаат по охрабрувачки и мил допир. Раздалеченоста од родителите, на која истражуваат, е секогаш различна. Во позната, домашна околина, храбрите деца можат да излезат од видното поле на родителите, додека во нова околина воопшто не се одвојуваат од родителот.

Поставување на граници на детето

Детето треба рано да научи што смее, а што не смее и тоа е старо и непишано правило. Повеќето деца во овој период не ги разбираат сложените правила и забрани. До тој степен мора да дојдат постапно. За детето се доволни неколку основни правила до кои мора доследно да се држите, а подоцна ќе ги надградите. Во овој период треба јасно да му кажете дека некои работи не смее да ги прави. Употребувајте кратки и јасни реченици. Не викајте, но бидете доволно одлучни и доследни. Ако ги менувате правилата, го збунувате детето.

Забраните не се цел самите за себе. Освен што преку нив се грижите за здравјето на детето, му овозможувате и интеграција во општеството. При воведување на нови правила треба да се земе во обзир и детското расположение. Ако детето е преуморено, гладно или болно, не е време за новини. Морате да сфатите дека за детето постои само сегашноста и заради тоа немојте да му толкувате работи од порано. Важно е правилата да ги почитуваат обата партнери, бабите, дедовците, роднините и дадилката.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?