|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Развој на детето: Здравје и нега

Систематски преглед
На 20 месеци старост детето ќе прими прва ревакцина на вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис, детска парализа и hemofilus influence tip B. Во Македонија е задолжителна вакцинацијата против дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица), детска парализа, хемофилус инфлуенце тип Б, потоа вакцинација против мали сипаници и заушки и рубеола, како и вакцинација против жолтица тип Б и туберкулоза. Погледнете го Календарот за вакцинација на Рингераја

Цел на систематскиот преглед

Цел на систематскиот преглед е следење на растот и развојот, утврдување на физичкото и душевното здравје со цел рано откривање на болести, заради рано лечење и рехабилитација. Исто така има цел да открие неповолни социјални услови и нездрави животни навики во семејството во кое детето живее. Прегледите се во 1, 3, 6, 9, 12 и 18 месец, а потоа во 2 и 4 година.

Млечни заби

Треба да се погрижиме млечните заби да останат здрави, односно да бидат навреме поправени. Единствено на тој начин можеме да очекуваме дека ќе бидат здрави и сталните заби, односно дека ќе биде складен нивниот развој во вилицата. Млечниот заб, кој не се лечи, може многу да го боли детето, а освен тоа претставува извор на штетни бактерии за останатите заби и забното ткиво. Бактериите од забот може да допрат до крвотокот, па преку крвта и во целиот организам. Забот кој неможе да се поправи обично се вади. Тоа понекогаш се прави неколку години пред неговото природно отпаѓање, што може да доведе до неправилен развој на сталните заби. Детето со расипани заби може да има лош здив, тешко да артикулира некои гласови при изговорот, а тоа може да предизвика одбивање од врсниците. Ако родителите го носат детето на заболекар само кога нешто го боли, детето тешко ќе постигне опуштен и однос на доверба со заболекарот.

Иако Ви се чини дека детските заби се здрави, сепак детето однесете го на втор преглед и советување помеѓу 18. и 30. месец на старост.

До 3. година првата грижа за забите се сведува на правилна исхрана. Со рамномерна и здрава исхрана оброците треба да бидат редовни, без меѓу оброци или слатки пијалаци. За гаснење на жедта меѓу оброците, на детето можете да му дадете овошје или незашеќерени пијалоци: вода или чај. Внимавајте, водата со одреден вкус, која ја купувате, не е само вода туку сладок напиток. Инстант чаевите во гранули, кои дома ги мешате со вода, исто така содржат шеќер.

Ако детето користи шишенце и константно пие од него, наполнете го со вода, а не со сок или млеко, па обидете се да го одвикнете од оваа навика. Најштетно е детето да заспива со шишенце во устата. Освен тоа што може да се засркне, слатката течност полека тече низ цуцлата, завршува во детската уста, се разградува во киселина и предизвикува кариес во раното детство.

Навики кои му пречат на правилниот развој на забите и вилицата

Лошите навики кои му пречат на правилниот развој на забите и вилицата е обично тешко да се напуштат. Најчести навики се ставање на јазикот меѓу забите и цицање на прстот (обично палецот) – последица се празнини меѓу забите и простор меѓу долните и горните заби. Таквите деца обично имаат стално подотворена уста и горната усна им е пократка. Дишењето на уста, наместо на нос го оневозможува правилниот развој на вилицата, а непрочистениот сув воздух кој поминува преку дишните патишта предизвикува повторувачки инфекции на дишните патишта и средното уво. Ако детето успее да ги напушти што побрзо овие навики, можат да се спречат големи неправилности во развојот на забите и вилицата.

Прочитајте уште

Моето малечко
Развојни фази
Здравје и нега
Исхрана
Добро е да се знае
Си играме



Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?