Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Спиење
На дете од две години потребни му се 11 до 13 часа ноќно спиење и уште една двочасовна попладневна дремка. Стручњаците препорачуваат рано заспивање. Ако во 19 часот ви се чини прерано за спиење, вистинско време е од 20 - 20:30 часот.
Недостатокот на сон носи проблеми
Ако на детето му недостасува сон можеби нема да има видни потешкотии, но тие ќе се акумулираат и ќе предизвикаат потешкотии. Спиењето е многу важно за невролошкиот развој. Стручњаците предупредуваат дека нездравите навики на спиење можат да доведат до подоцнежни проблеми со концентрацијата во училиште, а веројатно постои врска помеѓу недостатокот на сон и хиперктивноста. Хронично ненаспиени деца израснуваат во хронично ненаспиени возрасни, што никако не смеете да дозволите. На тој начин децата не се здрави и среќни, а исто и родителите.
Попладневна дремка
Нема ништо подобро од добро ноќно спиење и попладневна дремка. Во овој период децата многу се разликуваат меѓусебно. Некои сеуште се одмораат неколку пати на ден, други спијат по неколку часа, на некои не им е потребен дневниот одмор. Основната цел на попладневниот одмор е детето да се смири и одмори од напорниот и пренатрупан ден. Ако се случи детето да не сака да заспие, можеби не му е потребен одмор.
Знаци на замор
Најочигледни знаци се замор и плачливост. Ако детето се спротивставува и станува се понемирно, одморот сеуште му треба, можеби малку пократко отколку досега. Ако детето е разиграно и весело цел ден, тогаш повеќе не му треба одмор. Бидете внимателни, затоа што дневниот одмор многу влијае на ноќното спиење. Ако детето после неколку дена без попладневен одмор, спие лошо и ноќе, тоа значи дека е преморено. Ќе биде добро ако се обидете повторно да воведете барем получасовен попладневен одмор. Кога детето се спротивставува, немојте да го принудувате. Но ако сеуште сте уверени дека му треба одмор, обидете се со некој трик. Кога детето е вистински уморно, ставете го во седалка и возете го до продавница. Ако е уморно, брзо ќе заспие. Ако сте и вие уморни легнете со детето на вашиот кревет, разговарајте и можеби заедно ќе заспиете. Во спротивен случај ќе се опуштите во мирна атмосфера.
Времето пред спиење
Поминете го заедно времето пред спиење, читајте приказни, пејте приспивни песни или пуштете му приказна на ЦД. Тоа го смирува детето и ја поттикнува неговата фантазија. Бидете внимателни содржините да не бидат грозни, застрашувачки и напнати, бидејќи можат да предизвикаат ноќни мори кај детето.
Развојни фази
Здравје и нега
Спиење
Исхрана
Во градинката
Си играме
Добро е да се знае
Развојни фази
Здравје и нега
Спиење
Исхрана
Во градинката
Си играме
Добро е да се знае
Претходен период: Возраст од 18 до 23 месеци
Следен период: Возраст 3 години
Слични артикли:
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца