|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

„Mајка и дете” – вечна тема во делата на Хенри Мур

Редакција Рингераја, 12.4.2013
Изложбата „Хенри Мур - графичарот“ се состои од 80 принтови и 6 скулптури - минијатури од колекцијата на Британски совет и ќе биде изложена во Музеј на современата уметност – Скопје од 18 април до 31 мај 2013 годинa

image
/11




Великанот на британската современа уметност, Хенри Мур инспирациите за своите дела ги наоѓал многу често во животот околу него. Во најновата изложба на овој уметник во Скопје претставени се и дела од албумот наречен „Мајка и дете“.


„Идејата „Мајка и дете“ е една од моите две или три опсесии, една од моите неисцрпни теми. Ова можеби е поврзано со фактот што „Мадона и  дете“ беше толку важна во уметноста од минатото и што некој ги сака старите мајстори и научил многу од нив. Но и самата тема е вечна и непресушна, со премногу... можности во себе – мала форма во однос на поголема која ја штити малата, и така натаму. Тоа е толку богата тема, и од аспект на човекот и од аспект на композицијата, што ќе продолжам да ја користам и понатаму.“ – Хенри Мур (Цртежите на Хенри Мур 1969-79 година, Вилденштајн, Њујорк 1979 година, стр. 29)


Во оваа селекција е вклучен и дел од албумот Мајка и дете I-XXX, 1983 година. Волтер Роси, прочуен италијански графичар, ќе му предложи на Мур да изработи серија бакрописи на оваа тема за да илустрира стихови од италијанската поезија. Токму во овој период внучето на Мур е бебе. Од самиот почеток Мур добива силен наплив и инспирација и создава триесет дела, сè додека не му се влоши здравствената состојба. Тој го потпишува последното издание само еден месец пред да почине, во 1986 година.


Изложбата „Хенри Мур - графичарот“ се состои од 80 принтови и 6 скулптури - минијатури од колекцијата на Британски совет и ќе биде изложена во Музеј на современата уметност – Скопје од 18 април до 31 мај 2013 година.


Прочитајте повеќе на www.britishcouncil.mk и следете ги новостите на www.facebook.com/BritishCouncilMacedonia и www.twitter.com/mkBritish

 

1

Мајка и дете V, 1983 година

од албумот Мајка и дете

P5667 или CGM 675

бакропис, акватинта и рулет во две бои

280 x 213мм

©Репродуцирано со дозвола на Фондацијата „Хенри Мур“

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Александра Б. и денеска не тргна на училиште
Празни биле ветувањата дека малата Александра ќе го продолжи образованието. Со солзи на очите нејзината мајка и ова утор...
4
Новогодишни пакет изненадувања - трет доби...
Monika е третиот добитник на новогодишен пакет изненадувања.
3
Избрани се најкреативните фотографии на Ma...
Со помош на Вашите гласови, избрани се петте најкреативни фотографии, кои учествуваа во играта на подароци на Mama's. По...
3
Рингераја ве води на Детскиот Фестивал ...
Рингераја.мк во соработка со Детскиот Музички Фестивал "ЅВЕЗДИЧКИ" ги наградува своите верни читатели и корисници...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali imate fobija od nesto?

Da (67%)

Ne (33%)

Ponekogas (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!