Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
“Мозокот е нов орган кој треба да се истражува”, објаснува Dr. Jill Stamm, ко-оснивач на институтот за Нови насоки во развојот на доенчињата и клинички професор по психологија на Универзитетот во Аризона. “Се што е ново за бебињата, треба да го откријат сами. Можат ли да го јадат, или тоа може да ги изеде нив? Можат ли да го користат, или е потенцијална опасност? Тие треба да соберат информација за се, бидејќи нивните мозоци го бараат тоа.”
Но зошто се' мора да заврши во детската уста? Буквално СЕ мора да биде направено со тие мали сензори, наречени неврони. Устата и рацете имаат најмногу нервни завршетоци во целото тело. Со други зборови, бебињата добиваат најмногу информации преку тие области. Од истата причина бебето го цица и палецот, дури и во матката. На тој начин ангажира најмногу сензорни области одеднаш.
Иако постои голема варијабилност на развојните фази кај бебињата, повеќето од нив ќе почнат да ставаат предмети во уста околу 3-от месец, кога ќе се совлада координацијата рака-уста. Оваа значителнo долга фаза ќе трае неколку месеци, додека мозокот се движи кон други предизвици. “Кога детето ќе почне да артикулира зборови, тогаш најчесто престанува фазата – ставање се' во уста – бидејќи е зафатено со други работи”.
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како телесната тежина влијае на плодноста?
Телесната тежина може да има значајно влијание врз плодноста и кај жен...
Брачниот живот, секако, ако е хармоничен, позитивно влијае на здравјет...
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...