Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Ерин сподели фотографии од емотивниот пораѓај кога нејзината пријателка ја донесе на свет малата Скоти.
Еве ја нејзината сторија, која нема да ве остави рамнодушни:
Стапивме во брак во октомври 2012 година и знаевме дека не сакаме да чекаме за да основаме семејство. Но, тоа чекање се покажа како многу подолго одошто некогаш очекувавме. По 9 инвитро трансфери со 15 ембриони, 5 пункции за извлекување јајце клетки и 6 спонтани абортуси, мојата најдобра пријателка ми понуди да биде наша сурогат-мајка. Тоа беше најдобродушната понуда која некогаш сме ја добиле.
Префрливме 2 ембриони во Рејчел во јануари и откривме дека го очекуваме нашето бебенце во септември 2018 година. Никогаш не ни помислував дека таа ќе се роди на роденденот на мојот покоен татко Скот, по кого е и крстена.


Го изгубив татко ми неочекувано пред 3 години. Уште тогаш знаев дека кога ќе имам бебе, ќе го крстам по него. По сите борби и маки, нашата слатка Скоти конечно пристига, од сите денови, на роденденот на мојот татко. Немаше ниту едно суво око во собата.
Пред да се породи, Рејчел ? се јавила на Ерин за да ? каже дека нивното бебенце е на пат. Бидејќи парот живеел на 2 и пол часа возење од болницата, тие брзо се подготвиле и се упатиле натаму.




Кога ја примија Рејчев на болница, знаев дека е РЕАЛНОСТ, а солзите ми течеа по лицето. Бевме на 20 минути оддалеченост од болницата. ? се јавив на мајка ми за да ? кажам дека се случува и дека Рејчел се породува и двете плачевме. Тоа беа последните моменти во кои бевме сами со сопругот. Сè што поминавме низ последните 6 години – 5 пункции, 9 инвитра, 6 спонтани абортуси – и нашето патување кон тричлено семејство, беше при крај. Ми изгледаше нереално.
На 19 септември во 13.52 часот нашето чудо бебе, бебе виножито пристигна. НЕМА зборови кои НЕКОГАШ одблиску ќе можат да ги опишат емоциите кои ги почувствував кога таа излезе и ми беше предадена. Буквално липав од плачење. Таа беше неверојатно убава, а гледањето на Рејчел како се породува беше навистина едно од најмагичните нешта кои сум ги видела во мојот живот.
Скоти тежеше 3 килограми и беше долга 51 см.
Последните 15 дена ми беа најубавите денови од мојот живот. Не знам како сум живела толку долго без неа во мојот живот. Срцето ми експлодира од радост и љубов кон неа.
Никогаш нема да можам да опишам со зборови како е да се биде мајка на Скоти. НИКОГАШ нема да заборавам низ што С? поминавме за да ја добиеме. Вредеше СЕКОЕ разочарување.
Никогаш нема да можам да ? се оддолжам на Рејчел за најголемиот подарок кој може да се добие. Те сакаме многу Рејчел и едвај чекам да можам да ја споделам со Скоти нејзината приказна кога ќе порасне.



6
6
4
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...