namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Прегладнето и премрзнато, едно дете чии чекори засекогаш застанаа под ведрото небо, далеку од топлата родителска прегратка треба нам таканаречените луѓе, веќе еднаш да не предупреди. Да ни опали еден здрав шамар за будење ида престанеме да бидеме соучесници на детското страдање. Чинар е само еден пример од илјадниците дечиња кои страдаат во нашето опкружување. За оние од Африка, барем декларативно се грижат оние марионети од ООН. Но за оние мали страдалници кои секојдневно ги гледаме близу до нас можеме барем да крикнеме, можеме барем да лупнеме со раката на маса и да кежеме СТОП!!!
Секојдневно ги гледаме по булеварите како го дишат дериватот. Како издрогирани спијат за оние кои ги изнајмиле со нив да просат, како спијат по подруми, принудени да крадат и да ја извалкаат својата пречиста душа. Во децата останува дел од нашата душа! Каде ќе ни оди душата ако тие заталкаат?
Кој тоа ја руши природата на детето и за ситен профит го краде неговото детство?Системот нив не ги заштитува туку е нем на нивниот плач...На нивната смрт! Ниту се одбранети од педофилите, ниту се одбранети од своите родители кои ги гледаат само како бројка што треба да се истури по ракрсниците и навечер да донесат пари. Додека истите тие монструми се пијанчат под некој чардак, ја теслачат својата претепана жена и до нив гори преполното ќумбе со дрвенарија и остатоци од некој мебел, некои деца по сокаците мрзнат. Да...додека тие се (цензурирано) и од нив испарува брливата ракија, нивните деца ја живеат својата голгота по раскрсници или во казнено поправни установи.
Понекогаш сум му лут на Бога и го прашувам:
Зошто Боже на вакви луѓе им даваш пород? Зошто Боже оние кои мечтаат да гушнат свое чедо се лишени од таа радост? Дали е тоа парадоксот на нашиот живот за кој секогаш треба да имаме разбирање и да го прифатиме со мирна душа? Не! Ова не е фер. Зашто детските души доаѓаат во домовите и во животите на монструмите? Зарем Чинар не можеше да се роди во некое нормално семејство???
Одговор на овие прашања секогаш ќе барам како и прашањето упатено кон оние невладини организации кои на секоја ваква трагедија излегуваат со сопствено режиран циркуз за да ја искористат трагедијата и да ги оправдаат своите средства кои им течат од разни фондови у некој штос као ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО!!!
Видовме колку ги заштутувате децата! Видовме за какво општество се изборивте и колку ви се битни оние кои се везден ги спомнувате кога е иднината на оваа држава во прашање. Реалноста е сосема друга господа! Децата мрзнат по училиштата, децата просат по улиците пред очите на надлежните, децата паѓаат под отворено небо од прегладнетост и изнемоштеност и тука завршува нивното кратко детство. Воспитувачките во нивните градинки го јадат туѓиот срам и бараат од родителите ситнеж за да се купат боички, телевизор, ДВД и разен прирачен прибор.... Наспроти целиот параспурулук кој го гледаме наоколу нас и нелогично потрошените пари, дечињата кои први зачекоруваат во својот живот се лишени од своето право да бидат деца!? Умрена е вашата политика Господа. И на вам левите и на вам десните. Можете декларативно да зборувате но фактите се поразителни. Децата во Македонија, и оние кои сеуште тука се раѓаат имаат труло тло...Секој чекор им е неизвесен и во секој момент можат да бидат зграбени од канџата на скапаниот систем. Помина времето за бистрење политика. Како луѓе и како родители треба конечно да се ставиме во улога на директни жртви...како да сме ние родители на оние деца за кои никој не плаче. Обична нумеричка категорија. Гола статистика на родени и умрени..
Освестете се...Чинар умре, но ние сме повеќе мртви од него. Иако зборуваме и памет наоколу продаваме....
НАПИША: БУЛЕВАРКО
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?