namesp во 10:12
Водич за нега на близнаци
Редакција Рингераја, 4.7.2012
Опрема
Не мора да купувате по две парчиња од се'. Доволна Ви е една кадичка за капење и една подлога за преповивање. Секако, ќе Ви бидат потребни две хранилки, две автоседишта...
Количката е најголем трошок па пред да купите морате добро да ги погледате моделите кои се во понуда, за да го изберете оној кој најмногу Ви одговара. Двојната количка е поголема, но мора да водите сметка за димензиите и да проверите дали можете да влегувате низ врата во лифт и слично. Има различни модели на колички за близнаци па така бебињата можат да седат едно до друго, да гледаат во Вас, да гледаат кон напред или да седат едно наспроти друго. Кога станува збор за облеката секое бебе мора да има своја облека.
Хранење
Ако имате млеко, најдобро е да ги доите Вашите бебиња. Секако Вам Ви е покомплицирано отколку на мајките кои имаат само едно бебе така што за подоите ќе Ви биде потребно повеќе време. Но доењето е многу важно за бебето и не чини ништо. Исто така не мора да водите сметка за подготвување на адаптирано млеко. Сјаен начин за заштеда на време е истовремено доење. Ако едното бебе се разбуди гладно, разбудете го и другото. Со малку повеќе среќа и трпение ќе се усогласи нивниот распоред за хранење. Еден од најпопуларните начини за хранење на бебето во светот се нарекува “држење на топка за рагби” кога нозете им поминуваат под Вашите раце. Сепак, одвоеното хранење е добар начин да се поврзете со секое бебе. Тоа е важно и за близнаците и за Вас.
Спиење
Во рутината лежи спасот. Секако, доследоста е значајна, но не по секоја цена. Потребна е и доза на флексибилност. Најдобро е секое бебе да спие со свое креветче. Некои родители ги ставаат бебињата да спијат во исто креветче веднаш по раѓањето бидејќи е неопходно да бидат едно до друго. Бидејќи така можат да спијат многу кратко време најдобро е потоа да спијат одвоени секое во свое креветче.
Пресоблекување
Додека го пресоблекувате едното бебе, водете сметка другото да биде на сигурно. На пример во креветчето, во оградичката, или во количка обезбедена со сигурносен каиш.
Бањање
Додека се сосема мали, близнаците мора да ги бањате поединечно. Дури кога ќе пораснат, можете да ги бањате заедно. Во почетокот бањајте го едното бебе додека партнерот си игра со другото. Во последно време стручњаците препорачуваат бебињата да не се бањаат секој ден, бидејќи на тој начин им паѓа заштитниот слој на кожата, па тоа можете да го искористите за да ги бањате бебињата во различни денови.
Време за Вас
Со две бебиња, секојдневниот живот може да стане бесконечен круг на хранење и преповивање. Затоа прифатете ја секоја помош која Ви се нуди. Бидете отворени со семејството и пријателите и дајте им до знаење дека би било добро понекогаш да Ви зготват ручек, да Ви испеглаат или да одат во набавка...
Кога имате две бебиња и трошоците се двојно поголеми. Ако имате можност ангажирајте дадилка, која малку ќе Ве замени. Искористете го секој слободен момент за да се одморите и да си ја вратите енергијата. Затоа кога бебињата спијат, спијте и Вие. Ако Ве посетат родителите искористете ја можноста и бидете малку сами со партнерот. Доколку водите грижа и за себе ќе им биде подобро и на Вашите бебиња.
Среќно!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Тоа може да биде омиленото плишано животно, ладна гума за гризење, па дури и играчката на кучето...сите тие имаат начин ...

Се породив по природен пат и пресреќна сум, рече Анабела која на свет ја донесе ќерката Бланкица
