Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Кој и да зборувал за тоа како бремените жени “сјаат” мора да бил машко. Ако сте прашале жена, таа ќе ви речела дека тоа е пот. Со доаѓањето на летото и покачувањето на температурите, бремените жени дупло ги чувствуваат лошите последици од топлото време.
На трудниците и онака им е нон-стоп жешко, без оглед на временските прилики. Телесната температура на секоја трудница е повисока од нормалната, предизвикана од зголемената работа на телото, заради бебето кое се развива. Ако на тоа ви додадеме и летни горештини, не е чудно што тешко издржувате.
Кога ви е жешко во летните месеци, лесно може да се случи да дехидрирате. Превисоките температури и дехидратацијата можат да бидат опасни за бремената жена и да предизвикаат некои опасни реакции: несвестица, болни грчеви во нозете, премореност проследена со жед, слабост, нервоза, заматен вид и збунетост и топлотен удар, многу опасна состојба во која телото не може да се разлади.
Бебето е многу чувствително на промените на мајчиниот крвен притисок. Кога ќе ви падне притисокот, крвта поспоро се движи и послабо ги снабдува материцата постелката и нормално бебето со хранливи продукти. Испитувањата покажаа дека жештината во сауна, или џакузи лошо влијае на развојот на бебето, а поврзана е и со дефекти на невралната туба (сериозни вродени дефекти кои вклучуваат непотполн развој на мозокот) па заради тоа треба да се биде внимателен со летните горештини.
За почеток облечете се во летна гардероба и исфрлете ја темната облека и материјалите кои не дишат. Избегнувајте хеланки во лето, бидејќи се направени од вештачки влакна како најлон и еластин. Облека од природни материјали, како памук и лен ќе ја спречи појавата на осип и ќе ви помогне да се чувствувате пријатно. Наместо темни бои на облека, одберете пастелни и светли бои.
Кога сте надвор заштитете ја вашата кожа со креми со висок заштитен фактор (SP 30 и повеќе) Во бременоста кожата може да постане осетлива, па затоа заштитете се добро. Кога можете, пронајдете место во ладовина.
Не напуштајте го домот без шишенце со вода, особено ако се потите. Освен вода пијте природни овошни сокови, млеко и спортски изотонични пијалаци, кои содржат електролити. Исто така ограничете го излегувањето надвор – прошетајте, или работете во дворот наутро или приквечер. Избегнувајте изложување на сонце меѓу 11 и 17 часот. Телото можете да го разладувате со ладни облоги кои ќе ги ставите на задниот дел на вратот, на челото, зглобовите и на главата. Ако вежбате, сторете го тоа во просторија со клима уред. Пливањето е совршена летна рекреација, бидејќи ви помага да се разладите и ви ја опушта половината и зглобовите. Ако немате базен во близина, можете да се разладите во када.
Дишењето е уште еден фактор кој помага при разладување. Со правилно дишење ја исфрлате топлината, затоа внимавајте на ритамот, да не биде ниту пребрз, ниту преспор.
Еден од проблемите од кои страдаат трудниците е отекувањето на рацете и нозете. За да ги ублажите овие потешкотии, легнете секој ден после ручек, или откако ќе се вратите од работа 30-60 минути и ставете ги нозете на повисоко. Обидете се и во текот на ноќта да ги држите нозете на повисоко. Носете удобни чевли и слободно земете еден број поголеми. Ако почувствувате дека ве стегаат прстените на рацете, извадете ги, за да избегнете ситуација во која ќе мора да ви го пресечат прстенот, за да ви го ослободат потечениот прст. Немојте предолго да стоите на исто место и избегнувајте тесна облека.
А како да се разладите во текот на ноќта? Освен клима уред, може да ви помогне и шише со ладна вода покрај креветот.
И после породувањето може да ве следи ова чувство на горештина дури до шест недели, затоа што нивото на хормони ви е сеуште високо, зголемен ви е волуменот на крвта, имате зголемени количини на течности и маснотии во телото.
Ви посакуваме лесна бременост!
29
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Јога и медитација - подготовка за бременост
Планирањето на бременост покрај другото, започнува и со подготовката н...
Првиот чекор кон здрава и подготвена бременост
Планирањето бременост е возбудлив период исполнет со надеж, желби и бе...
Денот што ја отвора вратата кон бременоста
Овулацијата е еден од најважните, но и најмалку разбрани процеси во же...
Исхрана за хормонална рамнотежа
Хормоните се невидливи диригенти на нашето тело. Тие го регулираат спи...
Плодност и планирање на бременост
Планирањето на бременоста е еден од најзначајните чекори во животот на...