|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Со љубов, секој ден станува поубав

Ваша Рингераја, 13.11.2025
Има едно чувство, најубаво, најдлабоко и најчисто кое со сето срце го избираме, му се посветуваме и длабоко го разбираме. Тоа чувство е љубовта.

image
Фото:Canva/Вистинската љубов е прифаќање на другиот со сите негови доблести и несовршености и го сакате токму таков каков што е, без обиди да го промените.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Таа не се мери со големи зборови или чекање да се создадат совршени моменти, туку со мали, искрени дела кои ги правиме секој ден.

Во свет каде што сè се менува брзо, времето за час лета, љубовта останува најголемата сила што нè поврзува, нè лечи и нè потсетува што навистина значи да бидеш човек.


Денес бидете благодарни за љубовта што ве опкружува, за семејството, пријателите, партнерот, но и за љубовта што ја носите во себе. Бидете благодарни што знаете да сакате и што дозволувате да бидете сакани. Тоа е најголемиот благослов.

 

Вистинската љубов не бара совршенство. Не е само во зборовите кажани едни на други, туку и во тишината меѓу двајца што се разбираат без да зборуваат. Не е во тоа да поседувате некого, туку да му дадете слобода да биде свој и да го поддржувате во тоа.

Таа не е оган што изгорува, туку светлина што трае и ни го осветлува патот ако правилно ја негуваме.

 

Афирмација за денес:

„Јас сум љубов. Ја давам и ја примам љубовта со отворено срце. Привлекувам искрени односи, полни со разбирање, нежност и почит. Верувам дека љубовта секогаш ќе ме води кон најдоброто.“

 

Денес, насмевнете се и знајте дека љубовта не доаѓа само однадвор од другите луѓе околу нас, таа започнува во вас. Колку повеќе љубов носите во своето срце, толку повеќе светлина и љубов давате на светот.

Ваша Рингераја.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Рингераја и Ребека во хуманитарен поход
Со еден, од мака изговорен збор, до хуманитарна акција достојна за почит
3
Трибина на тема Down синдром
Down синдром - предизвик за родителот, поддршка за зрелост на општеството
3
Свеченост по повод денот на лицата со ПП
Институтот за дефектологија Ве поканува на свеченоста по повод меѓународниот ден на лицата со инвалидност.
3
Денес е Светски ден на бакнежот!
Дали бакнавте некого денес? Задолжително направете го тоа неколку пати!
3




Анкета

Вода за деца.
пеперутка16

Мамички, колку месеци варевте вода за вашите бебиња?

6 (40%)

9 (0%)

12 (20%)

Повеќе од 12 месеци. (40%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!