Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Тешко е да се каже кога и како настана, но дефинитивно вежбата склекови добива афирмација во војска, како неизоставен дел од физичката и воспитувачката обука, како и во повеќето спортови особено во деновите кога тренерот е навистина нервозен.
Најголемата предност кај склековите е тоа што не бараат дополнителна опрема, можат да се прават било каде и ги ангажираат важните мускулни групи.
Анатомија на склекот
Склековите се вежби кои примарно ги ангажираат мускулите на градите и трицепсите, потоа предниот дел на мускулите на рамената и мускулите меѓу ребрата. Но за време на склековите поголемата група на мускули на трупот и раката се ангажирани како стабилизатори, овозможувајќи правилна форма на изведување.
Ова значи дека склековите се вежби кои ги зајакнуваат и стомачните мускули.
Правилно изведување на склековите
Многу луѓе ќе ви кажуваат како треба да стојат рацете за време на изведувањето на склековите, но овде не можете да погрешите. Различната положба на раката може на различен начин да ги ангажира активните мускулни групи.
Најважно е за време на изведувањето на склековите добро да ги држите рамената, задникот и нозете, и да се спуштате се додека со градите не се доближете на неколку сантиметри од подот.
Варијанти на склекови
Склекови за гради
Како што ја зголемувате меѓусебната оддалеченост на дланките за време на изведувањето, така се повеќе ќе се нагласува ангажирањето на градните мускули. Ако сакате дополнително да ги отежнете склековите и доколку вашата цел е горниот дел на мускулите на градите, подигнете ги нозете на столицата или на кревет.
Склекови за раце
Ниското потпирање повеќе ги ангажира рацете, односно трицепсите. “Шампион” склековите за трицепси или таканаречените дијамантски склекови се прават така што показалецот и палецот формираат триаголник.
Склекови за рамена
Различна положба на раката и дланките за време на изведувањето на склековите може дополнително да ги оптерети делтоидите.
Затоа, свртете ги дланките така што прстите ќе ви бидат на надвор и тоа под агол поголем од 90 степени во однос на телото. Но, ако навистина сакате да ги ангажирате мускулите на рамената пробајте да направите склекови додека “стоите” на рацете, потпрени на ѕидот.
Склекови за стомачни мускули
Таканаречените Спајдермен склекови го отежнуваат изведувањето со одвојување на едната нога од подот и свиткување на коленото од телото. Ваквите склекови повеќе ги ангажираат предните и страничните мускулите. Менувајте ги нозете.
Роки склекови
Сигурно се сеќавате на легендарните сцени од филмот Роки кога истоимениот херој прави наизменични склекови на една рака. За ваква вежба потребна е сила и искуство. Ако обичните склекови повеќе не ви се предизвик, започнете со склековите на една рака, со раширени нозе за стабилност.
Кога овие склекови ќе ги совладате доволно, обидете се со Роки склековите, експлозивно туркајќи се и менувајќи ја наизменично раката.
Склекови за кондиција
Ако не сте доволно извежбани да можете да направите десеттина серии склекови со мали паузи, постои уште една вежба која ги комбинира склековите и чучењевите. Овие склекови ги подобруваат аеробните способности.
Од стоечка положба спуштете се во положба за чучњеви, потпрете ги рацете на земјата па спуштете се и направете склек. Станете и исправете се па повторете го истото. Направете неколку серии од 10 до 20 повторувања, со пауза од една до две минути.
2
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...
Сексуалниот живот е дел од интимноста и блискоста во врската. ...