Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Ако си бремена и почнуваш да забележуваш вакви ситни „исклучувања“, не си единствена. Ова феномен се нарекува „трудничка магла“ или „pregnancy brain“, состојба што многу трудници ја опишуваат како расеаност, заборавеност и отежнат фокус.
Но, дали ова навистина постои или е само уште еден мит поврзан со бременоста?
Што значи?
Терминот се однесува на ментални промени што жените ги доживуваат во текот на бременоста, особено поврзани со: заборавеност, намалена концентрација, потешкотии при организирање на мислите, намалено внимание, отсуство на краткотрајна меморија.
Иако ова не е медицински дијагностицирана состојба, многу жени пријавуваат овие симптоми, особено во вториот и третиот триместар.
Зошто се јавува?
Хормонални промени
Во бременоста, нивоата на естроген и прогестерон драстично се зголемуваат. Тоа се хормони кои имаат влијание врз мозочната хемија и невротрансмитерите.
Недостаток на сон
Меѓу утринските мачнини, честото мокрење и анксиозноста, многу бремени жени спијат помалку и пократко, а мозокот не функционира оптимално кога е уморен.
Промени во мозочната структура
Истражувања со MRI покажале дека некои делови од мозокот кај бремените жени се менуваат особено оние поврзани со емоционална регулација и социјална поврзаност. Ова помага за градење врска со бебето, но може привремено да влијае на мисловната острина.
Ментален товар и преокупираност
Мислите за бебето, здравјето, породувањето, подготовките за дома сето тоа може да го преоптовари умот.
Дали треба да се грижиш?
Овие симптоми се привремени и во најголем број случаи исчезнуваат неколку месеци по породувањето. Трудничката магла не е знак на деменција или сериозен проблем, туку природна реакција на телото и мозокот на големите животни промени.
Како да се справиш?
- Води белешки или користи апликација за потсетници
- Намали со мултитаскингот, фокусирај се на една задача
- Постави рутина бидејќи навиките овозможуваат поголема концентрацијата
- Спиј доволно кога можеш
- Вежбај лесна физичка активност бидејќи ја стимулира циркулацијата и мозокот
- Јади здрава храна, посебно онаа богата со омега-3 масни киселини
- Не се осудувај себеси. Прифати ја состојбата со разбирање и хумор.
Трудничката магла не е мит, но не е ни причина за паника. Тоа е нормален дел од неверојатниот и често напорен пат до мајчинството. Твоето тело и ум се прилагодуваат на новата реалност, а привремената заборавеност е само мал дел од тој трансформативен процес. Со поддршка, организација и малку трпение сè ќе си дојде на место.
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата не е нешто што ќе ни го подари некој друг, ниту нешто што ќе с...
Како родителството ја менува динамиката на врската?
Станувањето родители е еден од најголемите пресврти во животот на една...
Влијанието на исхраната врз имунолошкиот систем
Имунолошкиот систем е нашиот „телохранител“, сложен механизам кој не ш...
Тампони, влошки, менструална чашка
Секој месец, жените се соочуваат со исто прашање: кој е најудобниот и ...
Грлото ме боли! Бактериска инфекција или вирус?
Болката во грлото е една од најчестите здравствени тегоби. Понекогаш е...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?