Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Мит 1: Стресот е ист за сите.
Целосно погрешно. Стресот е различен за секој од нас. Што е стресно за една личност може или не може да биде стресно за друг, секој од нас реагира на стресoт на сосема поинаков начин.
Мит 2: Стресот е секогаш лош за вас.
Според ова гледиште, нула стрес би не правел среќни и здрави. Во ред. Стресот за човечката состојба е она што е притисокот на виолинските жици: премногу слаб и музиката е досадна и тивка; премногу јак и музиката е пискава и гласна. Стресот може да биде бакнеж на смртта или зачин на животот. Прашањето всушност е како да се управува со него. Правилно управуваниот стрес не прави продуктивни и среќни, неправилно раководен стрес ни предизвикува болка па дури и не убива.
Мит 3: Стресот е насекаде, па не можете да направите ништо околу тоа.
Не е така. Можете да го планирате вашиот живот, така што стресот нема да ве победи. Ефективно планирање вклучува утврдување на приоритетите и работата на едноставни проблеми. Прво решавање на нив а потоа на покомплексните проблеми. Кога стресот е погрешно раководен тогаш тешко е да се даде приоритет. Сите ваши проблеми се чини дека се еднакви и стресот се чини дека е насекаде.
Мит 4: Најпопуларните техники за намалување на стресот се најдобрите.
Повторно, не е така. Универзално ефикасна техника за намалување на стерсот не постои. Ние сите сме различни, нашите животи се различни, нашите ситуации се различни, па и нашите реакции се различни.
Мит 5: Нема стрес без симптоми.
Отсуството на симптомите не значи и отсуство на стрес. Всушност камуфлирање, сокривање на симптомите со лекови може да ви ги одземе сигналите што се потребни за намалување на притисокот врз вашиот физиолошки и психолошки систем.
Мит 6: Само главните симптоми на стрес бараат внимание.
Овој мит претпоставува дека “мали” симптоми како што се главоболка или стомачна киселина, може безбедно да се игнорираат. Малите симптоми на стресот се рано предупредување дека вашиот живот може да излезе од контрола и дека треба да се изнајде подобар начин за управување на стресот.
Центар за ментално здраје и аутизам ПЗУ Калинка
3
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Најдобри пози за зачнување, што вели науката
Кога паровите се обидуваат да добијат бебе, често се поставува прашање...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?