vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Организиран е првиот детски серијал од фестивали чија цел е забава, рекреација, музика и едукација на дечињата. Покрај пеење и играње, за најмладите ќе биде понудено и едуцирање на различни теми, натпреварување, наградување како и можност за откривање на талентите на децата и насочување во вистинскиот правец за развој на истите.
Идејата е овој проект да стане препознатлив бренд за сите деца, на некој начин навика и желба да секое дете, секој викенд да биде во Зоолошката градина и секако да живее и расте со овој фестивал.
Првиот дел од проектот траеше од почетокот на месец мај се до крајот на месец јуни, како прв дел од проектот за оваа година.
Вториот дел од проектот се реализира од 6. септември и ќе трае се до средината на октомври. Всушност секое дете кое ќе ја посети зоолошката градина во сабота во периодот од 11 до 13 часот, ќе биде дел од музичкиот хепенинг, едукативните работилници, работилницата за откривање на таленти, дел од тв шоуто или како гостин или како натпреварувач. Целта е секое дете кое ќе биде присутно во зоолошката во тој период на било каков начин да биде вклучено во овој фестивал кој опфаќа повеќе сегменти од музички, но и едукативен карактер.
РИНГЕРАЈА ВЕ ВОДИ НА ДЕТСКИ ЗОО ФЕСТ!
Организаторите на Детски ЗОО Фест и Рингераја.мк доделуваат по 6 гратис влезници, за секоја сабота, додека трае фестивалот.
Влезниците ќе може да се подигнат на врата во ЗОО Скопје секоја сабота во 10,30 часот.

4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да...
Цвеклото е коренест зеленчук кој лесно може да стане дел од балансиран...
Што да направите кога детето е мета на исмејување?
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, р...