|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Рани стравови во бременоста. Дали е нормално да се плашам?

Редакција Рингераја, 13.1.2026
Кога ќе дознаеш дека си бремена, радоста често доаѓа заедно со нешто што ретко се спомнува, стравот и тоа уште во најраните недели.

image
Фото:Canva/Стравот во раната бременост е чест и природен одговор на големите физички и емоционални промени што се случуваат во телото.
/11


Ако си се запрашала зошто наместо само среќа, чувствуваш и страв одговорот е едноставен, затоа што си човек.

 

Зошто се јавуваат стравови уште на почетокот?

Во раната бременост, телото и умот поминуваат низ нагли промени: хормоните се менуваат брзо, телото почнува да се однесува поинаку, а иднината одеднаш станува реална.

Ова е период на неизвесност, а неизвесноста природно носи страв.

 

Најчести рани стравови кај бремените жени

„Дали сè е во ред со бебето?“

Ова е најчестиот страв. Особено кога: симптомите се слаби или се менуваат, сèуште нема ултразвук, а бременоста е ново искуство. Тишината во телото често се доживува како закана иако најчесто е нормална.

 

Страв од спонтан абортус

Овој страв ретко се кажува гласно, но е многу чест. Секоја болка, грч или дамка може да ја разбуди анксиозноста. Важно е да знаеш, стравот не го предизвикува исходот.

 

„Дали ќе бидам добра мајка?“

Ова прашање може да се појави многу рано дури и пред да почне да се познава бременоста. Тоа не е знак на несигурност, туку на одговорност и грижа.

 

Страв од губење контрола

Телото се менува без да те праша.Се менуваат и плановите се менуваат, а рутините се нарушуваат. За луѓе кои сакаат структура и сигурност, ова може да биде особено тешко.

 

Кога стравот е нормален, а кога бара внимание?

Нормалниот страв доаѓа и си оди, но не те парализира и можеш да функционираш во денот.

Стравот што бара поддршка е постојан и интензивен. Те спречува да спиеш, предизвикува панични мисли и создава чувство дека „нешто лошо сигурно ќе се случи“

Во овие случаи, разговор со лекар или психолог е чин на грижа, а не слабост.

 

Што може да помогне во раната бременост?

-        Ограничување на пребарување приказни онлајн, посебнооние со негативен исход или лоши искуства.

-        Разговор со партнерот или блиска личност

-        Запишување на мислите. На тој умот се смирува.

-        Правење редовни лекарски контроли за сигурност.

-        Прифаќање дека не мораш сè да знаеш веднаш

 

Стравот во бременоста не значи дека нешто ќе тргне наопаку. Тој значи дека си свесна дека се случува нешто големо, важно и ново. Многу жени се плашат, само не сите зборуваат за тоа.

 

Нормално е да се плашиш во раната бременост. Нормално е да се радуваш и да се грижиш истовремено. Нормално е да не се чувствуваш „совршено смирено“.

Бременоста не е само физичка состојба туку и емоционално патување кое не мораш да го поминуваш сама.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Антиоксидантен потенцијал на храната
Во модерното време кога стресот, загадувањето и нездравиот начин на живот се дел од нашата секојдневие, антиоксидантите ...
4
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога се приближува терминот. За многу жени, тие се еде...
3
Детали од породувањето на Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, одбила да испие силни аналгетици што би и помогнале во текот на породувањето, што т...
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
2




Анкета

Јасли.
пеперутка16

Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?