|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Прв пијалак по мајчиното млеко – вода

Редакција Рингераја, 4.4.2014
Мајчиното млеко е најдобра и најздрава храна и потребно е да биде ексклузивна исхрана на бебето во текот на првите 4-6 месеци од животот
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Во текот на тој период здравите бебиња не треба дополнително да пијат вода, со оглед на тоа што мајчиното млеко ја обезбедува потребната количина на течности која му е потребна на организмот.

Но, од петтиот или шестиот месец, кога детето покрај доењето  ќе почне да јаде и тврда храна, може да му се даде вода во шишенце, со лажиче, или во чаша, за да му се намали жедта.

Значи водата е прва течност, која покрај мајчиното млеко, му се дава на бебето.

Иако најчесто се користи преварена вода од чешма, постојат и шишиња со вода кои се наменети за доенчиња, како и за мешање на кашичките за бебе.

Педијатрите укажуваат дека водата во шишиња, која се употребува за подготовка на млечни кашички е строго контролирана и не е потребно да се преварува. Заради тоа природната негазирана минерална вода, полнета на изворите во стерилни услови е погодна за доенчиња и мали деца, за подготовка на храна и кашички за децата.

Таа вода, исто така содржи поволен состав  на минерали и електролити и е погодна за подготовка на млечен оброк при што ги обезбедува прошишаните вредности во готовите храни за бебиња.

Природната негазирана минерална вода може да се користи и за подготовка на првите зеленчукови  и овошни кашички, готовата детска храна и подоцна  за подготовка на месни, рибји и кашички од житарици.

Недоволно развиената свест за внес на вода во организмот веќе е присутна кај повозрасната популација и заради тоа е пожелно навикнување на детето на редовен внес на вода од првата година.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Лековито дејство на солта
Терапија во солена соба се препорачува за децата и возрасните. На болните заради лекување, а на здравите превентивно, би...
4
Првиот час од животот на новороденчето
Првиот час по раѓањето често се нарекува златен час, а тоа не е случајно.
3
Опоравување по следните породувања
Секое породување е различно, па така се разликува и опоравувањето.
3
Чистотата е половина болест?!
Антибактерискиот сапун не е најдобар пријател на Вашето дете и доколку му посакувате добро здравје, потрудете се од најр...
3




Анкета

Koe ime e poubavo???
Adora

Pomos!!!

Leo (71%)

Adam (29%)


Број на сите гласови: 161

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!