|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Прв пијалак по мајчиното млеко – вода

Редакција Рингераја, 4.4.2014
Мајчиното млеко е најдобра и најздрава храна и потребно е да биде ексклузивна исхрана на бебето во текот на првите 4-6 месеци од животот
Клучни зборови:

image
/11


 

Во текот на тој период здравите бебиња не треба дополнително да пијат вода, со оглед на тоа што мајчиното млеко ја обезбедува потребната количина на течности која му е потребна на организмот.

Но, од петтиот или шестиот месец, кога детето покрај доењето  ќе почне да јаде и тврда храна, може да му се даде вода во шишенце, со лажиче, или во чаша, за да му се намали жедта.

Значи водата е прва течност, која покрај мајчиното млеко, му се дава на бебето.

Иако најчесто се користи преварена вода од чешма, постојат и шишиња со вода кои се наменети за доенчиња, како и за мешање на кашичките за бебе.

Педијатрите укажуваат дека водата во шишиња, која се употребува за подготовка на млечни кашички е строго контролирана и не е потребно да се преварува. Заради тоа природната негазирана минерална вода, полнета на изворите во стерилни услови е погодна за доенчиња и мали деца, за подготовка на храна и кашички за децата.

Таа вода, исто така содржи поволен состав  на минерали и електролити и е погодна за подготовка на млечен оброк при што ги обезбедува прошишаните вредности во готовите храни за бебиња.

Природната негазирана минерална вода може да се користи и за подготовка на првите зеленчукови  и овошни кашички, готовата детска храна и подоцна  за подготовка на месни, рибји и кашички од житарици.

Недоволно развиената свест за внес на вода во организмот веќе е присутна кај повозрасната популација и заради тоа е пожелно навикнување на детето на редовен внес на вода од првата година.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Житата во детската исхрана
Малото стомаче кај бебињата има дури 5 пати поголема потреба за хранливи состојки отколку возрасните луѓе, а во периодот...
4
Препораки за исхрана на детето до 1 година
Ексклузивно доење се препорачува во првите шест месеци, но најновата препорака на СЗО е да се започне со воведување на д...
4
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Ѕвезда на бебе календар за 2022 година - Д...
Го вртиме и последниот лист на 2021, а на него блеска...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali svirite na nekoj instrument?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 2

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!