Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Откако се израдувавме дека Health, Fitness & Wellness Expo се случува по четврти пат, сега може да се радуваме и на неговата богата програма.
Бидете уверени дека нема да изостане анимација и промоции од огромниот број на учесници додека официјалната програма на главната сцена, можете да ја погледнете ОВДЕ.
Како и секоја година, организаторите неуморно до „освежуваат“ проектот со нови содржини. Очекувајте големо slackline шоу со Sport Inn, во кул атмосфера да пробаме да ја смениме предрасудата: “Slackline? Не, тешко е тоа. Не можам”. Содржината се реализира благодарение на Sport Inn - кои се генерален партнер на HFW Expo од самиот негов почеток, и благодарение на нивната неуморна поддршка во промоција и развој на здрав и активен животен стил во нашата средина.
Уште еден сериозен чекор напред на домашната спортска и рекреативна сцена - на HFW Expo 2018 за прв пат во Македонија се организира и меѓународен турнир во Street Workout, во соработка со Champions House. Натпреварот ќе се одржи во шест категории, а реномираниот Жељко Влајин – една од легендите на овој спорт ќе биде специјален гостин и интернационален судија во категоријата Endurance.
За оние кои не се пронаоѓаат во конкретни спортски дисциплини, а се и помалку (или повеќе) носталгични за безгрижните детски денови во маало, организаторите најавуваат и голем натпревар во улични награди: издание НАРОДНА! На овој турнир можете да се пријавите самостојно или со тим – соберете ги другарите од маало (колку би било супер тоа!?), средно/факултет, тимот од работа, или пак пријавете се индивидуално за гарантирано враќање во безгрижна забава и секако МНОГУ вредни награди. Повеќе за натпреварот прочитајте ОВДЕ.
Секако, настанот ги анимира сите од 7 до 77 па детското катче ќе продолжи да ги забавува и да развива здрави навики и кај најмладите, низ богата содржина на интерактивни работилници кои можете да ги погледнете ОВДЕ.
Освен вело – френдли, настанот ќе биде и еко – френдли, па за „влезница“ ќе се признаваат велосипеди, но и пластични шишиња, хартија или картон, или неколку искористени батерии, бидеќи на настанот ќе се селектира и отпад за рециклирање.
Следете ги официјалната Facebook фан страна и настанот на Facebook, за повеќе информации околу содржината и активностите.
Се гледаме на HFW Expo!
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Кога отокот во бременоста е нормален, а кога е аларм?
Отекувањето на стапалата, глуждовите и дланките е чест симптом за врем...
Разлика меѓу природни и синтетички витамини
Витамините се неопходни за правилно функционирање на организмот, но ко...
Најдобри пози за зачнување, што вели науката
Кога паровите се обидуваат да добијат бебе, често се поставува прашање...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?