|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Породување со царски рез

Редакција Рингераја, 5.12.2011
Иако докторите му даваат предност на породувањето по природен пат, бројот на царските резови во нашата земја од година во година се зголемува се повеќе и повеќе

image
/11


 

Царскиот рез е операција која носи многу ризици, но кај поголем број на трудници предрасудите од страв и болка доведуваат до мечтаење за породување со царски рез. Без оглед на предупредувањето од лекарите и понатаму владее мислењето дека таквиот начин на породување е пoкомфорен, подобар и безболен за родилката. Сите гинeколози се сложуваат дека царскиот рез е нужно зло и дека е далеку од безболен.

 

Можни ризици 

 -   Породувањето со царски рез секако дека не е поудобно и полесно. После него, жената неколку дена трпи бoлки, бидејќи е сечена материцата, поместена бешиката и боли сошиеното од операцијата.

-    Потребно е да биде под будно око на медицинско лице. Три дена прима инфузија, не може да јаде заради опасности од парализа на цревата. Кај жените оперирани со царски рез поголем е ризикот од емболија, а многу чести се зголемената температуре и инфекциите. Многу поголем проблем е ако загнои раната од царскиот рез отколку раната од епизиотомија, резот на границата, со кој се олеснува природното породување.

-   Eден царски рез ја зголемува можноста секое следно бебе да bиде родено на овој начин.

 

 Само во хитни случаи

 Без оглед на предупредувањето од лекарите процентот на извршени царски резови расте и далеку е поголем од 15%, колку што препорачува  Светската здравствена организација. Кај нас секоја четврта, а во Америка дури и секоја трета жена се породува со царски рез.

 - За царски рез лекарите се одлучуваат во текот на самото породување ако природното породување не напредува ако бебето нема добра ротација, или ако паѓаат “тоновите” ( отчукувањата на срцето ). Исто така,  со царски рез се завршува породувањето ако бебето страда, а за тоа знак е зелената плодова вода. Итен царски рез се прави ако е загрозено здравјето на мајката ако предвремено се оддели постелката или ако дојде до еклампсија, компликации поврзани со крвниот притисок. Докторите се согласуваат  дека стравот од природното породување и болката се по малку преценети, бидејќи денес постојат начини породувањето да се направи безболно - со правилно дишење, масажа, породување во када и многу популарната епидурална анестезија.

 

 

Поголема смртност 

 Царскиот рез не боли, но кога родилката ќе се разбуди болката која е чувствува е иста како кога ќе се извади материца. Смртноста на жените е десет пати поголема во споредба со раѓањето по природен пат. Најчести компликации се крварење, висока температура, инфекција на материцата, уринарниот тракт како и парализа на цревата од анестезијата. Постои ризик и од тромбоемболија.

 

 

ЗА 

-   Кај трудници кои носат близнаци

-   Кога постои несразмерност помеѓу големината на плодот и ширината на карлицата,

-   Кога бебето почнува да излегува карлично,

-   При неправилен срцев ритам,

-   При недостаток на кислород кај бебето,

-   При одвојување на постелката и плацентата,

-   Кај родилки кои имаат патолошки страв од болка.

 

 

ПРОТИВ 

 

-   Чести респираторни проблеми кај бебето,

-   Бебето заради анестезијата поспоро се адаптира

-   Се зголемува ризикот за настанување на тромбоза и инфекција на внатрешните и надворешните резови,

-   Проблеми со лактацијата.

-   Отежнато доење и воспоставување на првиот контакт со бебето.

-   Опоравувањето трае подолго.

-   Отежнето ослободување на масните наслаги во подрачјето под резот.

-   Не е добар избор ако сакате повеќе од две деца.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Доење за време на бременост
Во неразвиените земји не е чудно да се види жена која дои, иако е бремена. Но во нашиот “развиен дел од светот”, околу т...
3
Дали покачениот холестерол е нормален во б...
Зголемениот холестерол за време на бременоста е многу важен за здравјето на мајката и бебето. Сепак, експертите објаснув...
3
Еве зошто папочната врвца е толку чудесна
Многу луѓе мислат дека папочната врвца е само „цевка“ што носи хранливи материи за нивното бебе. Сепак, од фотографијата...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?