Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Мајката на здраво дете има милион желби за здравје, среќа и успех пред Новогодишните празници.
Majката на болното дете има само една, единствена желба - нејзиното дете да оздрави!
Се надеваме дека енергијата која ја пренесовме во овие три месеци со проектот "Прегратка на дар", искрените желби за здравје и топлината на прегратката апсорбирана во играчката направена од срце, ќе помогнат за побрзо закрепнување на болните дечиња.
Играчките изработени во искрената хуманитарна акција го наоѓаат своето место, покрај болното детско срце.
Во Детското одделение на Општа болница "Борка Талески" - Прилеп на 28.12.2011 година, беа подарени околу 60 играчки-прегратки кои ќе им бидат поделени на болните дечиња за време на Новогодишните празници. Исто така, играчки беа подарени и на сите деца кои во овој момент се наоѓаат во болница.
Членовите на Рингераја.мк и претставникот на Healthaid беа срдечно пречекани од директорот на болницата Др.Илија Богатиноски, началникот на Детското одделение Др. Менче Настоска Кадинец, главната сестра и целиот персонал на детско одделение. Голема благодарност до сите нив!
Среќни празници драги дечиња и што поскоро да се вратите во своите домови, градинки, покрај своите родители и другарчиња!
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |
забава Бремените
Автор: bobik
Летото е сезона на сандали, боси прошетки и сензуалност која почнува о...
Воведување цврста храна – кога и со што да почнете?
Први залчиња, први вкусови, први чекори кон самостојно јадење....
Афирмации за време на бременост
Бременоста е прекрасно, но и предизвикувачко патување. Со секој нов тр...
Први зборчиња: Како да го поттикнете бебето да зборува?
Збор по збор – така започнува светот на комуникацијата. ...
Храна што го подобрува варењето
Варењето е процес кој секојдневно се случува во нашето тело, но често ...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?