|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Пет знаци дека сте избрале погрешен лекар

www.doktori.mk, 11.2.2014
Современото време, технологијата и добрите обуки прават повеќето од лекарите да бидат навистина големи професионалци и да си ја знаат својата работа. Но, не секогаш знаењето е единственото нешто што му е потребно на еден лекар.

image
/11


 

 

Еве кои се петте знаци кои ќе ви покажат дека сте избрале погрешен лекар.

 

 

Постојано правење на разни тестови и испитувања

Тестовите и испитувањата се тука за да се прават и за преку нив да се дојде до правилна дијагноза. Но, еден добар лекар не треба од пациентот да бара на секој преглед да прави низа од испитувања кои не се индицирани и кои непотребно го чинат пациентот време и пари. Добар лекар е оној лекар кој ги упатува пациентите да ги направат оние тестови за кои тој се сомнева дека би можело да му бидат патоказ кон правилна дијагноза. Вие не треба да се спротивставувате на правењето на тестови, можеби вашата дијагноза го налага тоа, но доколку сметате дека навистина вашиот лекар бара премногу испитувања од вас и тоа постојано, без да ви одреди дијагноза, тогаш можеби треба да размислите да побарате второ мислење од друг лекар.

 


Беспотребно непочитување на закажаниот термин

Во лекарска ординација никогаш терминот не може да се запази до минута, бидејќи лекарот никогаш не знае кој пациент колку време за преглед ќе му одземе. Сепак доколку вашиот лекар често го заклучува кабинетот и си оди без образложение или пак видно пропушта други пред вас без посебна индикација тоа значи дека тој не е лекар кој треба да се грижи за вашето здравје.

 


Културен однос

 Без разлика колку и да е стручен и компетентен, вашиот лекар и колку и многу пациенти да има, тој кон вас мора да се обраќа со почит и разбирање. Културниот поздрав, како и обраќањето со Вие, се основа која мора секој да ја почитува. Прикладниот, јасен и пријателски тон е исто така нешто на што вашиот лекар мора да внимава. Доколку вашиот лекар не внимава на овие работи, а притоа и често знае да го повиши тонот или да се однесува арогантно, тогаш без разлика колку и да е компетентен не треба да го препуштите вашето здравје во негови раце. Бидејќи пациентите не се само бројка, туку се поединци и личности кои имаат различни чувства и проблеми кои треба да се сослушаат и третираат со почит.

 


Не е комуникативен

Лекарот покрај тоа што е должен да ве прегледа и да ви препише соодветна терапија, тој е должен и да ве едуцира во многу области во врска со здравиот начин нa живеење. Добриот лекар се познава по тоа што пред да ви ја препише терапијата накратко ќе ви објасни што претставува вашата болест, зошто се јавила, и како тој планира да го изведе процесот на лекување. Добриот лекар секогаш ќе ви објасни што треба да јадете, какви суплементи треба да земате и што реално треба да очекувате за време на траењето на болеста. На крајот ќе ви ги препише лековите и полека детално ќе ви објасни кога, колку време и во која доза да ги користите истите, секако пред тоа не забораваќи да ви објасни кои нус појави можете да ги очекувате и за кои нус појави не треба да се вознемирувате бидејќи се очекувани при лекувањето со соодветната терапија.

 

 

Постојано е недостапен за контакт

Лекарската професија е тешка и бара макотрпна работа. Но, ако зборуваме за вашиот избран (матичен) лекар, потребно е тој да биде многу по близу до вас, односно да ви остави контакт преку кој ќе можете да се консултирате. Добриот матичен лекар скоро секогаш ќе биде достапен за вас на телефон или на интернет. Скоро секогаш ќе ви даде совети како да постапите при одреден проблем и кога е потребно, а кога не е потребно да го посетите за преглед. Сепак, внимавајте. И лекарот има сопствен живот, па немојте да му се јавувате во секое време доколку немате навистина неодложна потреба за тоа!

Сите сме луѓе, па сите грешиме. Oва е многу стара поговорка која не може да ги исклучи ниту лекарите, кои исто така се живи суштества како и останатите луѓе. Сепак, бидејќи се работи за доверување на вашето здравје, секогаш трудете се тоа да го доверите на лекар кој навистина ќе ви посвети внимание. Не е важно колку е стар, важно е колку тој е спремен да ви посвети внимание, да ви објасни и да се потруди заедно да го надминете проблемот, бидејќи лекарската професија е пред се роб на хуманоста. 

 

 

doktori.mk.logo

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кикинда Ричи – Играта на Анакин и Нолан не...
Мал милион прашалници како огромен облак секојдневно надвиснуваат над мајките, правејќи стрес и уште поголеми прашања. Е...
4
Менструација за време на доење
Добивањето, или отсуството на менструација, кога мајката дои, често предизвикува грижи. Бидејќи нормалните граници се мн...
4
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
4
Што да јадете за да не добиете коронавирус?
Кои витамини и минерали се најефикасни во борбата против Ковид-19? Кои се оние хранливи материи кои имаат научно докажан...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali obozavate cips?

Da (83%)

Ne (17%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!