Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Во еден момент се ќе ви оди на нерви
Грижливиот сопруг кој ве држи за рака и вели “Го можеш ти тоа”, или вашата мајка која пропатува 200 километри за да ве поддржи. Ако не престанат да навиваат, некој сериозно ќе настрада.
Најавете епидурал
Ако сакате епидурал речете веднаш по доаѓањето во болница за анестезиологот да се подготви.Кога породувањето ќе започне, нема можност за ублажување на болките со епидурална анестезија.
Породувањето е неуреден настан
Мајки ви можеби ве научила дека дамите не се потат, но сигурно не мислела на породувањето. Подгответе се дека ќе се потите, дека ќе крварите и дека нема баш да бидете елегантни но сето тоа е нормално за оваа ситуација.
Бабиците се најважни
Го зедовте бројот на телефон од својот доктор за да му се јавите кога ќе тргнете на породување. Но бабиците се, барем во породилната сала, поважни од докторите.
Оставете ја срамежливоста дома
На секој час и половина ќе дојде бабицата и ќе ве прегледа како напредуваат работите, а можеби ќе ве прегледаат и останатите сестри. Во тој момент не е важно кој ве видел.
Породувањето може да трае долго
Ви се чини дека ќе се породите за неколку минути, но до крајот на породувањето може да ве делат и часови – колку и да ви звучи застрашувачки. Дури и ако совршено сте се подготвиле, не можете да претпоставите кога ќе се случи тој клучен момент.
Детето не изгледа како на филмовите
Го замислувавте вашето бебе совршено чисто, какво што сте виделе на ТВ. Во стварност, бебињата се розеви, дури и модри, прекриени со влакненца, а главата не им е баш симетрична. Без грижи, ќе се заљубите во него штом го видите.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...