Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Промените во организмот во текот на бременоста влијаат на кожата и косата на трудниците, па во овој период е потребно да одвоите повеќе време за нивна нега.
Заради што кожата се суши во текот на бременоста?
Заради хормоналните промени и недоволната хидратација сувата кожа е чест проблем во тек на бременоста. На трудниците не им се препорачува долготрајно бањање или туширање со топла вода. Протоа треба да се избегнуваат шампони и сапуни кои дополнително ја сушат кожата. Користете благи средства за туширање, како и маслени капки на база на незаситени масни киселини–како линолни киселини. По туширањето нанесете хидратантен крем за тело, или лосион со чичково масло.
Постои ли превентива за стрии?
Бидејќи причината за појава на стрии е од внатрешна природа,, приоритетот за борбата против нив треба да биде здрава и разновидна храна. Се советува земање на продукти богати со витамин Ц и Е, како и внесување на доволна количина на протеини. Обемот на стомакот во бременоста се зголемува за околу 50-60 сантиметри што е исклучително големо оптеретување за кожата. На тој начин слабее неизиното врзувачко ткиво, а кожата се суши. заради тоа редовно користете препарати кои ја влажнат кожата и и даваат поголема еластичност.
Кои се најчестите проблеми со косата кај трудниците?
Во текот на бременоста во организмот се случуваат големи промени, заради високото ниво на хормони, а тоа се одразува и на косата на трудницата. Тоа посебно влијае на циклусот на растење на косата, како и на нејзиниот век на траење – кој се продолжува. затоа многу трудници ќе забележат дека косата никогаш не им била побујна и поубава. Меѓутоа, кај некои трудници косата повеќе се мрси, а кај некои е сува. Адекватно на тоа, косата треба да се негува со соодветен шампон. избегнувајте фарбање на косата (евентуално користете бои на база на билки) и шатирање – заради јаките хемикалии со кои се прави третманот. Сите хемикалии: фарби, хидрогени, бланш...се јаки и агресивни средства, кои можат да им пречат на трудницата и бебето. Редовно скратувајте ја косата бидејќи така секогаш ќе имате убава и негувана коса. Користете благи шампони со фитокофеински комплекс. Доколку дојде до опаѓање на косата потребно е исхраната да ја збогатите со производи кои се богати со цинк и витамини од групата Б особено фолна киселина.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Следење на овулација – исцедок од вагина (цервикален секрет)
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодни...
Колку расте бебето во второто тромесечје?
Второто тромесечје кое е од 14тата до 27мата недела, е период на интен...
Која храна може да го поддржи репродуктивното здравје?
Исхраната сама по себе не може да гарантира полесно зачнување, но разн...
Колку сон и е потребен на трудницата?
Бременоста носи големи физички и хормонални промени, па заморот и потр...
Како хормоните влијаат врз женската плодност?
Хормоните имаат клучна улога во женскиот репродуктивен циклус. ...