vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Студената зима сепак не подложува на тешко искушение при одржувањето на грациозни нокти. Ноктите стануваат кршливи и меки, а доста често можат да бидат забележани и мали бели флеки по површината на ноктите. За да ги спречите овие непријатни последици сосема, не треба да потрошите многу средства и време, туку само следете ги нашите совети.
- Не лишувајте го организмот од потребните протеини, витамини А, D и E и биотин. Овие супстанции играат исклучително важна улога во постигнувањето на совршен маникир. Јадејќи редовно месо, риба, млечни производи и варива, вие ќе им дадете животна сила на ноктите да растат.
- Кога користите препарати, без разлика колку безопасни ги опишуваат производителите, никогаш не занемарувајте гумените ракавици. Тие ја штитат кожата на рацете од сушење и не дозволуваат на досадните кутикули да се појават.
- Ако не го сакате, или пак често го заборавате задолжителниот хидратантен крем, тогаш еднаш неделно подложете се на маслена терапија. Користете памук, обилно натопен во маслиново масло, за да ја разнесете чудотворната течност по прстите. Оставете да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со топла вода. За максимален ефект ставете зимски ракавици или пак завиткајте ги ноктите во обична кујнска фолија.
- Многу дами се жалат на бавен раст на ноктите. Сигурно ви останал впечаток дека, за време на одмор на море ноктите стануваат исклучително здрави и долги. Овој феномен не е случаен и целосно се должи на морската вода, која делува благопријатно на ноктите.
Се разбира, овој ефект може лесно да биде постигнат и во домашни услови. Имате потреба само од морска сол и неколку капки розова вода. Измешајте ги двете состојки во сад со топла вода и ставете ги рацете внатре за 20 минути. Можете да ја прилагодите терапијата во секое време без ограничувања во фреквенцијата.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...