Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Сте чувствувале ли некогаш дека сте уморни, слаби и како без здив? Тоа се едни од најдобрите показатели на недостаток на железо во крвта. Долготрајниот дефицит на овој важен елемент е основа за развој на анемија.
За да ја вратите енергијата, а и за да се заштитите од анемија, нема да биде лошо да вклучите во вашата исхрана повеќе производи богати со железо.
Недостатокот на железо е еден од најпознатите, одамна документирани, дефицити на исхраната. Овој елемент е клучен за производство на црвени крвни клетки. Тој има водечка улога и во преносот на кислород до сите делови на телото, како и за изнесувањето на јаглеродниот диоксид од ткивата.
Анемијата се среќава најчесто кај жени, девојки, деца и спортисти.
Недостатокот на железо може да биде поправен преку храна богата со овој важен елемент. Еве кои се најдобрите извори на железо во природата:
Животински органи - црн дроб, срце, бубрези. Тие се познати како моќни енергетски носители заради високата содржина на железо. Освен тоа се богати со витамини, аминокиселини и други минерали.
Иако се богати со железо, овие храни не се препорачуваат на бремените жени, како и на луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести поради висок холестерол, пациенти кои претрпеле мозочен удар или инфаркт.
Морските плодови, црвените меса, јајцата и пилешкото месо се исто така прекрасни извори на железо.
За вегетаријанците е многу важно да се придржуваат кон препораките за исхрана и да консумираат производи кои изобилуваат со железо, бидејќи тие од својата исхрана ги исклучиле месните производи и нивните деривати.
Прекрасни вегетаријански извори на железо се темнозелени лиснати зеленчуци, како спанаќ. Исто така грашок, цвекло, грав и коријандер. Од овошјето такви се сувото грозје, урмите, кајсиите. Од јаткасти плодови и семиња добри извори на железо се бадемите, оревите, семките од сончоглед, семки од тиква и сусам.
Варивата исто така се исклучително корисни во овој контекст.
Луѓето кои јадат месо, имаат малку повеќе предност пред луѓето кои јадат вегетаријанска и веганска храна,бидејќи железото добиено од месо и млечни производи многу полесно се апсорбира, од она добиено од вегетаријански производи.
Важно е да се напомене дека пијалоците кои содржат танини како чајот и кафето, не треба да се пијат за време на оброк, бидејќи нивното мешање со производите ја попречува апсорпцијата на железото. Прекумерното консумирање на калциум исто така и штети на апсорпцијата на железото. Затоа избегнувајте да јадете спанаќ со сирење или урда на пример.
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...