Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Јаболко/круша со корнфлекс и мед
(8+ месеци)
Потребни состојки:
1 јаболко со средна големина
половина филџан корнфлекс
половина лажиче мед
Подготовка:
Јаболкото го лупиме, сецкаме и вариме, или динстаме на пареа се додека не омекне убаво. Во садот го додаваме медот и корнфлексот па се заедно блендираме. Чекаме да се олади. Слатко!
Компир со јајце и маслинки
(7+месеци)
Потребни состојки:
1 компир со средна големина
1 јајце-само жолчката
3-4 маслинки без коска
малку млеко, адаптирано за доенчиња
Подготовка:
Компирот го лупиме, сецкаме и вариме или динстаме на пареа се додека не омекне доволно. Јајцето го вариме околу 10-на минути за да биде тврдо сварено и ја делиме само жолчката. Маслинките ги сецкаме. Потоа месаме се заедно и блендираме, доколку не ја постигнеме саканата густина дотураме од млекото.
Спанаќ со урда
(8+ месеци)
Потребни состојки:
10-на лисја спанаќ
полупразен филџан ориз
половина изрендан морков
1 супена лажица урда
Подготовка:
Спанаќот го сецкаме ситно и го вариме со оризот и морковот се додека оризот убаво не се свари. Потоа ја цедиме водата доколку има останато и ја додаваме урдата, а доколку вашето малецко сеуште сака кашесто, може и да ја изблендирате смесата.
Пасирани авокадо и банана
(4-6 месеци)
Потребни состојки:
1 Авокадо
Половина банана
Подготовка:
Авокадото нема потреба да се подготвува, едноставно го делиме од кората и го пасираме, а исто и бананата па се заедно промешуваме.
| Ставовите на оваа страница се лични ставови на авторите и не ги изразуваат ставовите на Рингераја.мк. Редакцијата прави се' сите пристигнати текстови да и бидат достапни на јавноста. |
3
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Како стерилитетот влијае на самодовербата?
Стерилитетот не влијае само врз физичкото здравје и можноста за зачнув...
Мастите во исхраната и плодноста
Квалитетот и видот на мастите во исхраната може да имаат улога во репр...
Телото по породувањето не е исто. Еве што е нормално
По породувањето, телото поминува низ голем број нормални физички и хор...
IVF (ин витро оплодување) се препорачува кога постои проблем со зачнув...
Што е себум и зошто и е потребен на кожата?
Кога ќе слушнеме „себум“, често помислуваме на мрсна кожа, сјај на лиц...