namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Негувањето здрав и фит начин на живот е многу важно, а е уште поважно кога очекувате бебе. Во текот на една вообичаена и здрава бременост не треба да престанете да вежбате ако телото ви е навикнато на тоа. Сепак, постојат мерки на претпазливост што треба да ги следите за вашето малечко да биде здраво.
Месец 1: Прво и основно, разговарајте со вашиот доктор за тоа која рутина на вежбање е безбедна за вас. Не сечие тело се прилагодува на рутина на вежбање за време на бременоста, затоа дискутирајте за вашата и безбедноста на вашето малечко.
Месец 2: Ако добиете зелено светло за вежбање, држете се до она на кое сте навикнати. Не пробувајте да додавате исцпувачки и напорни вежби во вашата рутина што не сте ги правеле претходно. Набргу ќе откриете дека вашето тело дури и на највообичаените вежби ќе реагира поинаку од порано.
Месец 3: Секогаш загревајте се и одморете на крај! Првите и последните пет минути посветете ги на истегнување и притоа обрнете внимание на зглобовите, бидејќи 'рскавицата почнува да се опушта како што напредувате во бременоста. Дозволете срцевиот пулс полека да се врати во нормала, бидејќи срцевиот пулс на бебето ќе го следи истото.
Месец 4: Одржете се хидрирани! Ова се подразбира дури и да не сте бремени. Вашето тело користи доста од хранливите материи што ги внесувате за бебето, затоа гледајте да внесете доволно и за вас.
Месец 5: Многу жени почнуваат да ги забележуваат промените во нивното тело овој период. Инвестирајте во нова облека! Обрнете внимание на тоа што можете да носите, а што треба допрва да купите, бидејќи самиот материјал, поддршката и деловите што треба да се покријат ќе се менуваат како што ќе ви се менува телото.
Месец 6: Одморете кога ви треба одмор. Не се форсирајте. Ако телото ви кажува да паузирате - послушајте го!
Месец 7: Прилагодете ги вежбите на вашиот стомак и на промените во нивото на енергија. Одлично е тоа што уште вежбате, но некои вежби можеби ќе треба да се исклучат или прилагодат.
Месец 8: Веднаш престанете со вежбање ако забележите некоја од овие состојби: вртоглавица, вагинално крварење, болки во градите или стомакот. Ова може да е сигнал за сериозни проблеми што бараат лекарско внимание.
Месец 9: Внесете ги вистинските намирници. Знаеме дека внесот на храна се зголемува како што напредуваме во бременоста, затоа гледајте да ги внесувате вистинските намирници што ќе ви дадат енергија за да се движите.
забава Бремените
Автор: bobik
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Конфликтите и кавгите меѓу децата се сосема нормална појава во секое с...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?