Иако доењето е природна појава - не треба да сезаборави дека е потребно трпение и вештина за да се научат и бебетои мајката на правилно доење. Прочитајте ги советите за успешно доење
Мајчиното млеко поради својот состав и квалитет е незаменлива храна за доенчето.Веднаш по породувањето започнува да се воспоставува лактацијата кај мајката. Првото млеко кое се нарекува колострум и започнува да се лачи уште во последните три месеци од бременоста и е богато со многу антитела. Цицањето е најголем поттик на надоаѓањето на млекото поради што е значајно доенчето да се стави на дојка што порано. Иако станува збор за природна појава - не треба да се изуми дека е потребно трпение и вештина за да се научат и бебето и мајката на правилно доење. Доењето го поттикнува и лачењето на окситоцин кој пак предизвикува контракции на матката и побрзо враќање во првобитната состојба, но и го стимулира доењето.
Доколку млекото не се исцицува доволно од страна на бебето, доаѓа до застој во каналите на дојката и можни компликациии како што е - воспаление на дојката и разранети брадавки (рагади). Со упорно и редовно доење, овие компликации можат да се избегнат.
Предностите од доењето за бебето:
- содржи се што му треба на бебето во првите шест месеци
- лесно е сварливо и предизивикува помалку стомачни тегоби како грчеви
- тоа е бактериолошки исправно и го штити бебето од дијареа (пролив)
- го подобрува имунитетот на бебето, инфекциите се поретки кај овие бебиња
- го унапредува севкупниот развој на бебето
- блискиот контакт со мајката го унапредува емотивниот и психичкиот развој на бебето
- го намалува ризикот од хронични заболувања понатаму во животот (алергија, aстма, дијабет, гојазност и разни инфекции)
- Нема “слабо” или “лошо” млеко, тоа е секогаш чисто, топло и спремно
Предностите од доењето за мајката
- Психолошки ефект (мајката се чувствува среќна и задоволна);
- го потпомага намалувањето на крварењето од матката по породувањето
- има ограничен контрацептивен ефект (потребна е консултација со гинеколог)
- го намалува ризикот од одредени заболувања кај жената (карцином на дојка и на овариуми, остеопороза);
- мајката има повеќе време за одмор
- едноставно е и ефтино.
Како до успешно доење?
- Оптимално е првиот подој да се случи што порано, во првите 24 часа по раѓањето. Првите недели се пресудни за успешно восоставување на доењето.
- блискиот контакт на мајката и бебето непосредно по породувањето и честото доење се најдобри поттикнувачи на доењето
- во почетокот бројот на подои е од 8-12 во текот на 24 часа,дојката се нуди на секој знак на барање на детето
- Кон крајот на третата недела се воспоставува правилен ритам на доењето, помеѓу 4. и 6. недела бебето обично престанува да бара да цица ноќе, а бројот на подои обично се намалува на 6 до 8подои на ден
- подоите обично траат 10-20 минути, но треба да се остави бебетосамо да одреди колку долго ќе цица; важно е да цица доволно
- долго за да може да го исцица т.н. “последно млеко” кое е богато со масти и со калории
- во првиот месец се нудат двете дојки, а потоа може да се користисамо една дојка за еден подој
- пред секој подој дојката треба да се измие со топла вода без сапун, а после подојот да се измијат со вода и благ сапун и да се просуши со тапкање со чиста крпа или да се исуши на воздух
- болните брадавки (рагади) не се причина за престанок надоењето. Проверете дали е добра поставеноста на бебето на дојката
- за да не дојде до застој на млекото во дојките, ставајте го штопочесто бебето на дојка, а после секој подој испразнете ја дојката. Топли и суви облоги и удобен прслук, како и редовно измолзување на млекото ќе ви ги намали тегобите
- мекоста на дојките не значи дека немате доволно млеко;
- да не се нуди шише или цуцла, затоа што тие ќе го збунат вашето бебе.
- емоционалната поддршка од целото семејство ќе ви ја зголеми самодовербата и истрајноста
- прифатете ја секоја помош во водење на домаќинството, за да имате што повеќе време за одмор.
- исклучиво само мајчино млеко се препорачува во првите 6 месеци од животот, а потоа се продолжува со доење барем до наполнети12 месеци, а според Светската здравствена организација (СЗО) до 24 месеци.
Правилно доење на бебето
За време на доењето мајката треба да биде опуштена, удобно сместена, а во просторијата каде се дои треба да има пријатна атмосфера, да биде благо осветлена и проветрена;
Детето поставете го правилно на дојката, така да:
- бебето ја опфаќа брадивицата со широко отворена уста
- брадата е залепена за дојката
- рамениците и градите на бебето се свртени кон мајката
- долната усна е превртена кон надвор
- брадавицата и темниот прстен околу неа се во устата на бебето
- мајката не чувствува болка при доењето
Најдобри знаци дека доењето е успешно се:
- има 6-8 добро намокрени пелени дневно и најчесто 2-5 златно-жолти столици во текот на 24 часа,
- бебето просечно напредува 140-180 грама неделно, односно 450-700 грама месечно.
- цица секои 2-3 часа
- има еластична кожа со добра боја,
- изгледа здраво и задоволно, активно е, весело и има добар мускулен тонус
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Рецепти за први оброци на бебето
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...
5
Кога во семејството имате близнаци
Уште од самиот почеток на бременоста животот со близнаците е покомплициран и бара поголем надзор.
3
Чистење на папочето на бебето
По породувањето, папочната врвца се подврзува (вообичаено се користат пластични штипки за таа намена) и се пресекува.
3
Каков треба да биде првиот разговор со пед...
Тргнувајќи уште за првиот прием кај педијатар, секоја мајка би сакала да знае каков лекар ќе има нејзиното дете
3