Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Оваа кукла Јана и ја поклони на Ева. Знаете, таа има чудна моќ. Топла е и лекува. Прегрнете ја пред да ја испратите на некое болно дете.
Да почнеме со нејзина изработка.
Потребни материјали:
- Ткаенина со окер боја (боја на кожа) за лицето и рацете
- Ткаенина во бледо розева боја (за телото и нозете)
- Ткаенина за облека (фустан и капа)
- Украсна лента
- Волница за косата
- Памук или молтотекс за полнење
Потребни алатки:
- Машина за шиење, игли, конец, ножици креда
- Силиконско лепило за косата
- Мрсни бои за да се нацрта лицето
- Руменило
Чекор по чекор:
Исечете ги деловите за куклата според дадената шема

Доколку не користите машина за шиење зацврстете ги деловите со топуски и шијте рачно. Оставете отв ор за полнење на куклата.


Наполнете ги деловите на куклата. Не ги полнете ушите.

Кога телото е готово прицврстете ја ткаенината (фустанот на куклата) правејќи набор и над неа ставете ја украсната лента, правејќи панделка на задниот дел.
Нацртајте го лицето на куклата и прицврстете ја косата од волница со силиконско лепило.

Прицврстете ги рацете на куклата, рамномерно од двете страни.

Прицврстете ја главата на куклата

Од истиот материјал како фустанчето исечете парче во округла форма за капа на куклата. Ставете го околу нејзината глава и обликувајте го. Ставете на капата украсна лента. Прицврстете ја капата за главата со шиење.

Куклата е готова. Не заборавајте да ја прегрнете.
| Мисијата на "Прегратка на дар" |
4
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Дали ултразвукот е безбеден за бременоста?
Ултразвукот (ехо преглед) се смета за безбеден за време на бременоста ...
Кога е потребно индуцирано породување?
Индуцираното породување е медицинска постапка со која лекарите го потт...
Најголемите предности на мајчиното млеко
Мајчиното млеко е природна и целосна храна која е совршено прилагодена...
Нормална телесна температура кај новороденчиња и бебиња
Телесната температура кај новороденчињата и малите бебиња може малку д...
Грип за време на бременост - симптоми, ризици и заштита
Бременоста носи многу промени во организмот, а една од нив е и промена...