namesp во 10:12
Кога настинката никако не поминува...
Редакција Рингераја, 31.3.2014
Тоа е првенствено бидејќи настинката трае подолго отколку што мислат луѓето – до две недели, а кашлицата и подолго.
Исто така, постои можност да сте добиле и некоја секундарна инфекција, како бактериски синуситис. Но, кај некои пациенти се случува повторно да настинат, благодарение на некој друг вирус.
“Кога некој ви се жали дека настинката не сака да помине, обично станува збор за некоја нова инфекција”, објаснува Дерилин Мојер, специјалист од универзитетската клиника Темпл.
“Во секој момент, постојат барем 5 риновируси во вашиот нос, од кои не мора да се разболите”, објаснува Ен Палменберг, истражувач во институтот за молекуларна вирологија на универзитетот Висконсин Медисон.
Риновирусот е најчест предизвикувач на настинка, од кој постојат околу 150 видови.
За да се инфицирате потребно е т.н. ICAM рецептори во носот да бидат отворени. Значи, дури и ако вирусите постојано се тука, ќе се разболите кога вашето тело ќе ги прифати.
Различните фактори како стресот, недостатокот на сон и вкупната состојба на организмот, влијаат на тоа дали ќе се инфицирате.
Некогаш, наизглед бескрајната настинка е знак за многу сериозно заболување. Можеби станува збор за синусна инфекција, бронхитис или воспаление на белите дробови. Исто така, симптомите на настинка, често се мешаат со сезонските алергии.
Необично сувата кашлица, која трае долго после настинката, обично е последица на хиперактивноста на бронхиите или воспаление на трахеите, објаснуваат лекарите.
“Откако ќе помине инфекцијата на респираторниот систем, можете да влезете во некој транзитен облик на астма во кој вашите бронхии се многу реактивни, иритирани и воспалени”, објаснува Дерилин Мојер, специјалист од универзитетската клиника Темпл.
Што можете да направите за да ја спречите, или барем да ја скратите настинката?
Многумина земаат ехинацеа, цинк, или голема количина на витамин Ц, но лекарите кажуваат дека не може со сигурност да се тврди дека било кој од овие лекови помага. Некои истражувања укажуваат дека вежбањето и физичката активност во природа ја спречуваат настинката.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
После 17-тата недела, односно после наполнети 4 месеци од животот, време е за воведување на нови намирници и дополнителн...

Поминаа цели 12 месеци. Доаѓа возбудливо време за вашето бебе исполнето со многу љубопитност за откривање нови вештини, ...

Кога во текот на бременоста ќе се спомене терминот "големо бебе", многу родители веднаш помислуваат на долг и тежок по...

Повраќањето или враќањето на млекото кај бебињата е чест појава, особено во првите месеци. Иако најчесто е сосема нормал...
