Кога се зборува за плодноста, најчесто фокусот паѓа на жените. Но, науката јасно покажува дека и исхраната на мажите игра клучна улога во квалитетот на спермата и шансите за зачнување.
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Начинот на исхрана може директно да влијае врз бројот, подвижноста и структурата на сперматозоидите, како и врз нивото на хормоните поврзани со плодноста.
Како храната влијае на спермата?
- Антиоксиданси за заштита на клетките
Сперматозоидите се многу чувствителни на оштетување од слободни радикали. Намирници богати со антиоксиданси (витамин Ц, Е и бета-каротен) помагаат да се зачува нивната виталност. - Цинк и селен за хормонска рамнотежа
Овие минерали се важни за создавање на тестостерон и за правилен развој на спермата. - Омега-3 масни киселини за подвижност
Масните киселини од рибата и семките придонесуваат за подобра мембрана на сперматозоидите, што ја зголемува нивната подвижност. - Фолна киселина
Иако често се поврзува со жените, фолната киселина е важна и кај мажите бидејќи го намалува ризикот од генетски оштетувања на спермата.
Што е добро да се јаде?
- Овошје и зеленчук, особено цитрусни плодови, бобинки, моркови и спанаќ.
- Јаткасти плодови и семки како бадеми, ореви, семки од сончоглед и лен.
- Риба, лосос, скуша, сардини (богати со омега-3).
- Цели житарки и мешунки бидејќи тие се добар извор на цинк и витамини од групата Б.
- Месо и јајца, но во умерени количини, заради железо и протеини.
Што треба да се избегнува?
- Прекумерната брза храна и заситените масти го намалуваат бројот и квалитетот на сперматозоидите.
- Алкохолот и никотинот исто така значително ја намалуваат плодноста.
- Прекумерен внес на кофеин како на пример повеќе од 3-4 шолји кафе дневно може негативно да влијае.
- Преработеното месо бидејќи често е богато со адитиви и сол кои се штетни за репродуктивното здравје.
Други важни фактори
Исхраната е само еден дел од приказната. Одржувањето на здрав телесен индекс, редовна физичка активност и управување со стресот исто така значително влијаат врз машката плодност.
Храната што ја јадат мажите има директно влијание врз нивната репродуктивна способност. Балансирана исхрана, богата со антиоксиданси, минерали и здрави масти, може да ја подобри плодноста и да ги зголеми шансите за успешно зачнување. Со други зборови патот до татковството почнува од трпезата.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Планирање бременост по 35-тата година
Планирањето бременост по 35-тата година сe почесто станува реалност за многу жени. Причините се различни кариера, стабил...
4
Природните методи за забременување се секо...
Многу парови кои се обидуваат да добијат дете се фокусираат на природни методи за зачнување: следење на овулација, прави...
4
Каква улога има возраста при неплодност ка...
Кога се зборува за плодноста, возраста најчесто се поврзува со жените. Но и кај мажите годините можат постепено да влија...
4
Кога шансите за бременост се највисоки?
Планирањето бременост може да биде возбудливо, но и збунувачко. Дали сексот „во вистинскиот момент“ навистина прави разл...
3