|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како мајките да изгледаат одморено и кога не се?

Редакција Рингераја, 18.2.2026
Ниту една крема не може да го замени сонот и тоа е факт. Но мајчинството и непроспиените ноќи често одат рака под рака.

image
Фото:Canva/Мали трикови со голем ефект за свеж изглед, повеќе самодоверба и „спиев 8 часа“ ефект и кога ноќта била хаотична.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Постојат едноставни, брзи трикови што можат да ви помогнат да изгледате посвежо, дури и кога спиете по неколку часа.

Ова не е за совршен изглед, туку за малку повеќе самодоверба кога ќе се погледенете во во огледалото.

 

1. Хидратацијата е пред сè

Дехидрираната кожа секогаш изгледа уморно. Напијте се чаша вода веднаш по будење, при утринската рутина нанесете лесен хидратантен серум и крем за лице со сјајна завршница

Хидрирана кожа дава посвеж изглед без дополнителен труд.

 

2. Ладна вода или коцка мраз

Триесет секунди ладна вода на лицето ја подобрува циркулацијата, го намалува отокот и го освежува тенот

Овој мал трик дава голем ефект.

 

3. Ставете фокус на пределот околу очите

Подочниците се најголемиот показател на уморот. Користете коректор една нијанса посветол, малку светла сенка во внатрешниот агол на окото, свиткајте ги трепките и нанесете маскара.

Ова веднаш го „отвора“ погледот.

 

4. Малку боја на образите

Руменилото го враќа животот на лицето. Дури и лесен кремаст румен тон прави да изгледате поздраво.

 

5. Направете брза фризура што изгледа средено

Не мора вашата коса секогаш да е стилизирана. Направете високо опавче, ниска пунџа или полусобрана коса

Чистата и собрана коса веднаш создава уреден впечаток.

 

6. Облека што „работи“ за вас

Кога сте уморни, неутралните тонови и едноставните кроеви изгледаат најдобро. Еден добар кардиган, сако или марама може да направат драстична разлика.

 

7. Усни полни со живот

Дури и балсам со благ пигмент дава свежина. Сувите усни ја засилуваат уморната слика.

 

8. Ставот е половина од впечатокот

Исправениот грб, длабок здив и мирното движење прават да изгледате посигурно дури и кога сте исцрпени.

 

Мала вистина што треба да ја знаете

Понекогаш не треба да изгледате одморено. Понекогаш е доволно да изгледате како мајка што дава сè од себе.

Бидејќи заморот не е слабост туку тој е доказ за вашата грижа и посветеност.

 

Нема магија што ќе ги избрише непроспиените ноќи. Но со неколку свесни навики, можете да изгледате посвежо за 5 до 10 минути. И најважно да се почувствувате подобро во сопствената кожа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Чудо: Мајка го оживеа бебето прогласено за...
Надевајќи се на чудо, госпоѓа Ogg го одмота кебенцето и го приближи бебето блиску до своето тело. И тогаш се случи нешто...
6
Мерење температура кај новороденчиња
Кога имате новороденче, секоја промена во неговото однесување може да предизвика загриженост.
3
Емотивно писмо од бебето до мајката!
Ако сте пред породување или веќе имате бебе и се сомневате во способности за доење на вашите гради, прочитајте го ова пр...
3
Одбивање на едната дојка
Доењето на само една дојка не претставува проблем кој мора да се реши, ако мајката сака успешно да дои.
3




Анкета

Имиња за момчиња
petraa

Кое ви се допаѓа вам? Еве ви убави македонски не-помодарски имиња :)

Јане (16%)

Петар (21%)

Стојан (3%)

Димитар (9%)

Коста (6%)

Дамјан (45%)


Број на сите гласови: 116

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!