Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Дали некогаш сте загризале домат директно набран од растението? Да, оној домат кој сами го набравте и кој е топол од сонцето. Се сеќавате ли колку беше вкусен? Споредете го со вкусот на доматите од супермаркет. Разликата е драстична! Зошто?
Веројатно мислите дека пестицидите и гнојот го осакатија вкусот на доматите, а исто така мислите дека тоа што се набрани незрели и испратени на далечен пат, влијаело на нивниот вкус. Но, причината не е таа.
Сосем случајно две различни групи на растителни генетичари открија дека потрагата по совршена нијанса на црвено е причина за недостатокот на вкус.
Постарите од 40 години сигурно се сеќаваат на жолтата или зеленкаста боја на доматот близу стебленцето, која беше без вкус и по малку тврда за јадење. Тоа се нарекува зелено рамо. Земјоделнице досега не знаеја дека зеленото рамо е заслужно за блажината и комплексноста на вкусот на доматите. Откако е открена сортата рамномерно црвени домати, земјоделците и комерцијалистите набрзина засадија домат без зелено рамо, само од причина што изгледа поубаво. Но, на тој “совршен” домат му недостасува клучниот елемент кој ја колектира сончевата енергија и ја складира во доматот, а тоа е зеленото рамо.
Доматите потекнуваат од Јужна Америка и денес се одгледуваат секаде во светот. Земјоделците ги берат плодовите пред тие да созреат за да бидат сигурни дека ќе стигнат здрави и тукушто созреани на полиците на супермаркетите, блеснати со изедначена црвена боја.
Тоа е она што, за жал, ги привлекува потрошувачите.
8
6
5
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Зошто доаѓа до имплантациско крварење?
Мала розева или кафенкаста трага на долната облека во периодот кога ја...
Трета недела од бременоста, почеток на нов живот
Иако можеби сe уште не знаете дека сте бремени, во третата гестациска ...
Магнезиум во исхраната на вашето дете
Кога размислуваме за здрава исхрана на детето, најчесто зборуваме за п...