|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Чудесни приказни за предвреме родени

Редакција Рингераја, 30.10.2015
Ако не верувате во чуда, ќе почнете откако ќе ги прочитате овие 8 чудесни приказни

image
/11


 

Раѓањето на детето е чудесен момент во животот на секој родител. Сепак овој прекрасен момент може да се претвори во вистинска агонија. Меѓутоа, со позитивно размислување и упорност, на некои семејства им се случуваат вистински чуда, бидејќи нивните малечки, стари само неколку дена, успеваат храбро да ги надминат тешките здравствени проблеми и да излезат како победници.

 

1. Бебето кое три пати ја победи смртта

Малиот Чарли Колинс ги надмина сите очекувања и тоа три пати. Неговата мајка Луси морала итно да се породи со царски рез, 9 недели пред терминот. Кога малиот Чарли се родил, морале да го оживуваат, бидејќи се родил потполно плав и морало да биде во инкубатор.

Меѓутоа, кога Чарли имал само три недели добил срцев удар, а по поминати 28 денови во инкубатор, белите дробови почнале да му крварат. И покрај се што му се случило, Чарли продолжил да се бори. Неговите родители мислеле дека нема да преживее и тоа три пати, а по некое чудо Чарли го надминал сето тоа. Иако и понатаму му требаат лекови и кислород, тој е едно среќно мало дете кое три пати ја победило смртта.

 

2. Најмалото бебе во Велика Британија

Во 2003 година малата Алаја харт се родила три месеци пред терминот. Била тешка само 340 грама и долга 17 cm. Докторите и дале само 1% шанса за живот, бидејќи нејзините бели дробови не биле доволно развиени. Некаде околу петтиот месец од бременоста лекарите ја советувале мајката на Алаја да абортира, бидејќи сметале дека девојчето нема да преживее. Меѓутоа нејзините родители решиле да ја одржат бременоста, а малата Алаја по 4 месеци поминати во болница, конечно си отишла дома. Сега е здраво девојче со нормална висина и тежина, кое наскоро  ќе слави 12-ти роденден.

 

3. Бебето кое мораше да го замрзнат

Малиот Фреди Кук се родил дома и не дишел цели 20 минути. Него морале да го изладат на 33 степени Целзиусови и потоа да го индуцираат во состојба на хипотермија, за да почне да дише.

Мајката на Фреди го пробила терминот за породување 5 дена и повикала бабица да дојде да ја прегледа. Бабицата потоа си заминала и рекла дека ќе се врати за неколку часа. Откако бабицата заминала, мајката на Фреди почнала да се породува. Меѓутоа породувањето се искомплицирало, а бебето се заплеткало околу папочната врвца. Бабиците морале со посебни потези да го ослободат, но тој се уште не дишел. Лекарите во болницата каде го однесле рекле дека нема да преживее, бидејќи мозокот му е во опасност. По 72 часа борба за неговиот живот, родителите веќе го држеле во раце. Фреди е сега здраво момче, со потполно здрав мозок.

 

4. Храбрите сестри

Талита Мекгинс од Северна Каролина била пресреќна кога слушнала дека носи близнаци. Шест недели подоцна, таа среќа се претворила во бескрајна тага бидејќи лекарите и соопштиле дека може да ги изгуби двете бебиња, ако се обиде да ја изнесе бременоста до крај.

Бебињата биле со различна големина, а едното бебе имало многу малку течности во организмот. Докторите и рекле на Талита дека тоа е предизвикано од ретко пореметување кое се случува кај еднојајните близнаци, каде едниот близнак ги црпи сите нутритиенти од крвта на мајката само за себе. На Талита и предложиле да ги абортира двете бебиња, да го жртвува помалото бебе, или да се определи за ласерски хируршки зафат со кој би се исправило пореметувањето и двете бебиња би останале живи. Со последната опција таа би го ризикувала својот и животот на своите деца.

Во 19.та недела од бременоста Талита направила ласерска операција и конечно слушнала добри вести. Двете бебиња биле добро. После тоа Талита била на строго мирување и во 36.недела родила здрави бебиња без никакви компликации.

 

5. Бебето родено со органите надвор од телото

Малата Пајпер Смит е родени со три органи надвор од телото. Нејзината мајка раскажува дека на Пајпер и биле надвор од телото бешиката, црниот дроб и цревата. Овој дефект погодува едно од 2500 бебиња. Пајмер имала долга и напорна операција, со која и се вратени сите органи внатре и и се поврзани мускулите. Иако имала 1% шанса да преживее, Пајпер е храбро девојче, живо и здраво.

 

6. Бебето кое се врати од мртвите

Една австралиска мајка родила близнаци, Џејми и Емили во 27. недела од бременоста. Емили е родена здрава, но после 20 минути се родил и нејзиниот брат кој престанал да дише, па докторите го прогласиле за мртов. Неговите родители биле потполно скршени и после два часа бакнување и простување, се слушило чудо. Одеднаш Џејми почнал да се бори за воздух.  Лекарите рекле дека тоа веројатно е рефлекс, но мајката на својот прст капнала малку млеко и му го доближала до устата, па Џејми почнал нормално да дише. Лекарите не можеле да веруваат. Џејми потполно се опоравил и ќе остане запомнет како момче кое ја победило смртта.

 

 

7. Најмалото бебе на светот

Бебето Амилија, чие име значи прст на латински, се родило во 21. недела од бременоста. Таа е најмалото бебе кое некогаш се родило и преживеало. Имала 283 грама и била долга 24 cm. Нејзините родители, Соња и Еди имале проблеми да добијат дете и конечно успеале со вештачко оплодување. Од почетокот на бременоста Соња имала  ризична бременост, а покрај бебето стоела загружена крв со огромна величина.

Во 19.недела од бременоста Соња почнала да се отвора. Таа морала да лежи во болница само во одредена позиција за бебето да остане што подолго во неа. Меѓутоа во 231. недела докторите утврдиле дека нозете на бебето се излезени во породилниот канал. Соња била итно оперирана, а малата Амилија била ставена во инкубатор.  По долгиот престој во болница, Амилија била добро и била пуштена дома.

 

8. Бебето кое за малку ќе го погребеле живо

Џени Уртадо од Колумбија родила девојче во 27. недела од бременоста. Веднаш штом се родило, девојчето било прогласено за мртво. После 12 часа родителите инсистирале да ја видат и да се простат од неа. Кога го затвориле ковчегот на таткото му се причинило дека слушнал плачење. Прво мислеле дека халуцинира од болка и тага, но кога го отвориле ковчегот виделе дека девојчето е живо. Малата Милагрос, што значи чудо на шпански, потоа била ставена на интензивна нега. Лекарите констатирале дека малата Милагрос се затоплила и оживеала.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
7
Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
5
Бенефити од контакт кожа на кожа во првиот...
Првиот час по раѓањето на бебето често се нарекува “Светиот час”, бидејќи тоа е толку посебно време. Вашата кожа е најпр...
4
Интересни факти за бебињата родени во деке...
Ако вашето бебе е родено во последниот месец од годината - декември, имате многу прилики за радост. Децата, кои доаѓаат ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?