|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Исчистете го телото по празниците

Редакција Рингераја, 16.1.2013
Празниците се зад нас, а спомените на нив остануваат – два, три килограми повеќе, тешкотии во варењето, нечиста кожа. Како да се ослободите од сето тоа?

image
/11


 

 

Немојте да кажете дека не јадевте и не пиевте и дека не го имате она послепразнично чувство на вина, кое сега треба да се елиминира што побрзо? Следуваат десет совети како брзо да се вратите во нормала т.е. да ги неутрализирате деновите кога претеравте во храна и ... неактивност.

 

  1. Пијте многу вода во текот на денот за да ја елиминирате дехидратацијата. Косумирањето на алкохол, масната храна и недостатокот на вода се некои од главните причини зошто луѓето чувствуваат дека се прејадени и дека се тешки, по празниците. Дури и на клетките во Вашето тело им треба адекватна количина на вода за добро да функционираат, така што треба да пиете најмалку два литри вода за да ги исфрлите маснотиите и токсините од организмот.
  2. Земајте квалитетни  суплементи Б-комплекс витамини и Витамин Ц, бидејќи се губат за време на стрес и консумирање на алкохол, а веројатно двата фактори се присутни за време на празниците.
  3. Јадете овошје наутро, на празен стомак.  Овошјето е најдобра храна која го чисти лимфниот систем и овозможува лимфата да се движи нормално. Лимфата е она што се нарекува телесна верзија на чистач на улици – таа ги исфрла токсините, маснотиите и продуктите на метаболизмот, ја намалува болката, восталенијата, целулитот и го спречува таложењето на токсини во телото.
  4. Јадете голема количина зелена салата  за ручек и вечера. Ако не можете два пати да јадете зелена салата, можете да ја замените со домати и краставици, или со некоја комбинација на овошје која  е достапна во овој период. На сето тоа додадете уште малку морска сол и малку исецкани свежи феферони и имате вкусен оброк набрзина.
  5. На секои два ласа јадете здрави грицки за да ја стабилизирате количината на шеќер во организмот. Големите осцилации на шеќер во крвта можат да Ви ја одземат енергијата, да предизвикаат наталожување на килограми. Одлична варијанта е свеж, несолен бадем кој содржи многу калциум, влакна кои ги стабилизираат шеќерите и протеините во крвта.
  6. Избегнувајте колачи или храна која содржи вештачки засладувачи.
  7. Вклучете вежби во Вашиот дневен распоред.  Минимум 20 минути вежбање ќе ја забрза циркулацијата на лимфа во Вашето тело, ќе Ви ја зголеми енергијата и ќе му помогне на Вашето тело да ги согори калориите кои се наталожија за време на празниците. Ако е премногу ладно надвор, вежбајте дома. Тоа е еден од најдобрите начини да се поттикне лимфата која ќе ги елиминира масните наслаги во Вашето тело.
  8. Избегнувајте маргарин и хидрогенизирана храна како и храна со транс масни киселини. Оваа токсична храна ја забавува работата на Вашите органи за детоксикација.
  9. Избегнувајте храна која содржи вештачки бои, адитиви и конзерванси .
  10. Вклучете грав во Вашата исхрана, додадете го во супи, салати или во други јадења. Мешункастите производи се декларираат како здрава храна, иако се богати со протеини, диетални влакна и сложени јагленохидрати кои ги чистат Вашите црева, го стабилизираат шеќерот и Ве држат сити.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Најдобра храна за мајките по породувањето
Не можат сите мајки да изгледаат како супер модели, повеќето од нив многу тешко се опоравуваат по породувањето. Најгол...
3
Анабела се породи и доби ќерка!
Се породив по природен пат и пресреќна сум, рече Анабела која на свет ја донесе ќерката Бланкица
3
Што е неопходно да имате по породувањето?
Олеснителни околности за мајките после породувањето
2
Повеќе комфорност, повеќе мајчино млеко
Кога млекото треба да се измолзува..
2




Анкета

Zensko ime?
Yummy Mammy



Jana (44%)

Tamara (27%)

Hana (29%)


Број на сите гласови: 170

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!