namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Иако може да се најдете во искушение за да ги прескокнете калориите, храната што ја јадете пред да започнете со вежбање ќе додаде “гориво” на вашиот тренинг и ќе ги подобри вашите резултати.
Јадењето пред тренингот исто така го спречува и нискиот шеќер во крвта што доведува до мали вртоглавици и замор. Меѓутоа, сигурно дека не сакаш да јадеш погрешни работи пред да започнеш со тренинг. Еве која е најдобрата храна за консумирање во рок од еден час пред тренингот.
Банани
Бананите се моќ на природата – вели Д-р. Луиз Бурк, шеф на спортската исхрана на Австралискиот институт за спорт. Бананите се полни со јаглехидрати и се полни со калиум, кој помага во одржување на нервите и функцијата на мускулите. Телото не складира калиум многу долго, па затоа една банана пред тренинг ќе ги чува хранливите материи на високо ниво.
Д-р Бурк особено ги препорачува бананите пред утринските вежби: Стани и изеди една банана со ½ чаша јогурт. Почекај околу 30 минути и потоа можеш да започнеш со вежбање. На вашето тело им се потребни јагленихидрати и протеини.
Овес
Овесот е полн со влакна, што значи дека тој постепено ослободува јаглени хидрати во вашиот крвоток, вели Бурк. Овој постојан прилив го држи вашето ниво на енергија за време на вашиот тренинг.
Овесот, исто така, содржи Б витамини кои помагаат во конвертирањето на јаглените хидрати во енергија. Послужете се со една чаша овес најмалку 30 минути пред да започнете со тренингот.
Интегрален леб
Парче интегрален леб е добар извор на јаглехидрати. На него може да се стави џем или мед или тврдо варени јајца за високо квалитетни протеини.
Ако планирате тренинг после ручек, пожелно е да консумирате леб 45 минути пред оброкот. Вилакорта сугерира и неколку парчиња мисирка. “Во тоа време од денот треба да издете околу 30 грама јаглехидрати и 15 до 20 грама протеини” – вели тој.
Овошни пијалоци
Овошните пијалоци се богати со јаглехидрати и високо квалитетни протеини. Уште подобро, тие лесно се консумираат и организмот брзо ги вари, вели Берк.
Смешајте ½ чаша јогурт со помалку маснотии или ½ чаша овошје и 1 чаша овошен сок. Луѓето го прескокнуваат овошјето и друга храна која е богата со јаглехидрати, но протеините не се разредуваат брзо за да се претворат во извор на енергија пред вашиот тренинг. Хидратите од овошјето брзо се распаѓаат и протеините подоцна се користат за спречување на мускулното оштетување.
Што да избегнувате?
Ако ви се случи да забегате од оваа листа, постојат неколку работи на кои треба сериозно да внимавате.
Избегнувајте мрсна храна пред да започнете со тренингот – мастите го принудуваат стомакот да работи многу бавно, што значи дека се чувствувате сити и може лесно да ве фати грч. Иако јаглехидратите се добри, не треба да ги добиете од нерафиниран шеќер или слатки.
Исто така, важно е да не се прејадете пред тренингот. Обилното јадење може да предизвика тешко варење, гадење и повраќање.
забава Бремените
Автор: bobik
Здравјето на мажите по 40-тата година
Навлегувајќи во четвртата деценија од животот, мажите почнуваат да се ...
Сигурност на бебињата во автомобил
Кога станува збор за патување со бебе, нема место за импровизации. Сиг...
Летото е тука, а со него и желбата за ладни, шарени коктели. Без разли...
Конфликтите и кавгите меѓу децата се сосема нормална појава во секое с...
Храна и лекови – комбинации кои не се препорачуваат
Кога земаме лекови, често мислиме дека само дозата и времето се важни....
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?