namesp во 10:12
Грижа за мајката по породувањето
Редакција Рингераја, 18.5.2021Заминувањето дома од породилиште е многу возбудливо, но може и да е стресно да се отпочне самостојна грижа за бебето без помош на болничкиот персонал. Во овој период ви е од огромно значење помошта на вашиот партнер и семејството. Колку повеќе имате помош и поддршка, толку подобро за вас и за вашето бебе.
Грижа за мајката
После породувањето кај мајката настапува периодот на пуепериум (леунство) кој трае 6 недели.
Во овој период:
• настанува повлекување на сите промени на телото кои настанале во текот на бременоста, пред се намалување на матката и родилниот канал и враќање во состојба како пред забременувањето
• се појавува обилен вагинален исцедок, т.н лохии кој може да трае до 6 недели; секоја промена на изглед, мирис, траење може да е знак за инфекција - потребен е лекарски преглед- (во овој период не се препорачува употреба на тампони)
• се воспоставува лактацијата/доењето
• се јавува променливо расположение поради падот на нивото на хормоните
• изостанува менструално крварење; првата редовна менструација може да се очекува 6 недели после породувањето, но кај оние кои дојат, дури после една година. Иако овој период е исклучително осетлив за мајката, посебен медицински третман не е потребен.
Редовниот гинеколошки преглед треба да се направи 30 - 40 дена после породувањето кога гинекологот ќе ја утврди општата состојба, состојбата на дојките, брадавките и матката.
Итна посета на гинеколог е потребна доколку ги приметите следниве симптоми:
• Обилно крварење кое трае подолго од 10 дена
• Отежнато дишење и болка во градниот кош
• Болка во долниот дел на стомакот
• Воспаление и болка во перинеалниот предел (помеѓу вагиналниот и аналниот отвор)
• Воспаление- мастит (болка и оток во дојките)
• Покачена температура над 38 Ц, забрзан пулс
• Отежнато или намалено мокрење
• Болка во потколениците
• Изразена депресија
Општи препораки
• Мајките се исцрпени со породувањето и губитокот на крв, поради што е потребен одмор, редовна и разновидна исхрана и доволен внес на течности што ќе ги отстрани симптомите на лесна анемија.
• На сите доилки се препорачува рано станување од кревет и движење, освен во случаи на тешко или оперативно породување. Не се препорачува тешка физичка работа.
• Мајката во првите денови треба да јаде лесно сварлива храна, претежно млечна храна, храна богата со витамини, варен зеленчук и месо, младо сирење, компоти, свежо овошје. После четвртиот ден постепено се враќа на нормална исхрана, освен доколку не постојат причини за посебна исхрана.
• Потребна е течна исхрана, редовно празнење на црева и редовна тоалета за да се намали можноста од појава на тврда столица и хемороиди.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња нежно трепкаат со очите, се насмевнуваат без причи...

Често се прашуваме која е тајната на дишење на бебето, зошто дише толку брзо и неурамнотежено? Во бременоста детето дише...

Во време на паметни телефони, брзи одлуки и уште побрзо заборавање, останува едно сигурно место каде животот тече побавн...

Зимскиот период често со себе носи, освен празнично расположение, многу настинки, вирусни заболувања и вкупно нерасполож...
